На полноќ стартува предизборниот молк

Денеска на полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори – утре и в недела е изборен молк.

logo
лого

Гласањето во втор круг ќе има во 29 општини и во градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени.

Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.

кутииУтре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица.

Втор круг гласање за градоначалници ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и градот Скопје.

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top