Јун 23, 2021

Филипче: Ако состојбата е стабилна, учениците треба да се вратат во клупите од септември

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. – Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. П…

Јун 23, 2021

Вакцините на „Фајзер” и „Астра Зенека” ефикасни против делта варијантата на коронаворусот

Истражувањето било направено со цел да ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината да ги неутрализираат високозаразните делта и капа варијанти на вирусот, се наведува во соопштението на универзитетот. „Нема докази за големо имунолошко вирусно бегство, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини обезбедува заштита од вирусните варијанти Б.1.617″, се наведува во истражувањето. Станува збор за делта и капа варијантите, што за првпат беа идентификувани во Индија. Но, концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта беше малку помал…

Јан 13, 2022

Секој четврти тестиран е ковид позитивен, со омикрон заразени 68 проценти

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон. Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Омикрон сојот е отк…

Јун 23, 2021

Австрија ја стави Македонија на листата ковид безбедни земји

Австриското Министерство за здравство денеска соопшти дека 11 нови држави се вклучени на листата безбедни земји поврзани со пандемија на Ковид-19, со што се овозможува полесно патување на нивните граѓани во Австрија. Новата уредба на Министерството за здравство на Австрија стапува во сила утре (24 јуни), а граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја. Покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам. Граѓаните на тие земји ќе можат да влезат во Австрија …

Јун 23, 2021

Во пораст трговијата со деца на Западен Балкан

Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан”. На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми ранливоста на децата, како резултат на растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето. Децата од Западен Балкан се жртви на трговија со луѓе за различни цели: сексуална експлоатациј…

Јун 23, 2021

Топол бран, препораки за заштита од високите температури

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното зголемување на дневн…

Јун 23, 2021

ССМ: Работниците да не работат на отворено кога е најжешко

Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавците да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички а доколку тоа право не се почитува ги повик…

Јун 22, 2021

Дерматолозите предупредуваат: Немојте да заспивате на плажа

Иако звучи безопасно, спиењето директно на сонце не е добра идеја бидејќи може да има сериозни здравствени последици. „Дремнувањето на сонце всушност може да предизвика оштетувања на кожата. Да се ​​наслоните на кремот за сончање, како единствена одбрана е погрешна тактика. Тоа нема да ве заштити, а особено ќе изгорите во области каде што сте го пропуштиле местото или сте нанесле многу тенок слој од кремата за сончање“, тврди Хариет Далвуд од британското здружение за дерматолози. „Кремата за сончање може да се отстрани и со потење, и треба да се нанесува најмалку на секои два часа. Исто…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top