Post Views: 0
Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број допрва...
Post Views: 1
Два повици за помош во различни ситуации, во еден ден, пристигнале до охридските волонтери за спасување на планина. Параглајдерски тандем не можел безбедно да слета заради лошите временски услови, а млад брачен пар од Естонија останале на планината Галичица откако им се расипло теренско возило, информира Антонио Додевски, професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи. Во авантуристичкиот туризам ситуациите излегуваат од контрола и има потреба од специјални тимови, појаснува Додевски.
„Како што кажав два повици...
Post Views: 0
Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија.
Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ, рече...
Post Views: 0
Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка...
Post Views: 0
Одржана инфо сесија за промовирање на Програмата на ЕУ „ Креативна Европа“. Програмата е достапна за македонскиот културен креативен сектор за организирање на фестивали, активности од културното наследство, архитектурата, дизјанот, визуелните уметности, информира Билјана Прентоска, од Министерството за култура , раководител на канцеларијата за „ Креативна Европа“. Фокусот на проектите ќе биде ставен на подпрограмата култура и медија програми, а Прентоска кажува кој се може да аплицира до оваа програма на ЕУ.
„ Квалификувани се сите културни и креативни сектори сите организации...
Post Views: 0
На Охридско лето ќе се игра Молиеровиот „Мизантроп“ кој е драматуршка потрага по човекомразецот во пиесата. Театар Комедија од Скопје со вечерашната премиерна изведба ќе го донесе на фестивалската сцена Мизантроп како плод на меѓународна соработка на македонските актери со црногорски тим на театарски уметници, напоменува Сашо Ристовски директор на Театар Комедија.
„Драго мие што сме со Мизантроп од Молиер. Се радувам што соработуваме со меѓународен тим на уметници како што се режисерот Ана Вукотиќ, кореографот Сона Вукичевиќ, сценографот Јелена Томашевиќ, костимографот...
Post Views: 9
Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот.
„ Мојот хемоглобин е низок, но јас...
Post Views: 2
Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид.
„Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач на...
Post Views: 3
Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од туроператори...
Post Views: 0
Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“. Интернационалната културна манифестација одбележува 34 годишно постоење и е со најдолга традиција во земјава. Тука низ годините твореле врвни уметници од земјава и околните земји. Ликовниот уметник Ѓоко Целески, осовачот на колонијата, ги претстави годинешните учесници, а специјална благодарница му врачи на Јосиф Ефтимоски, претседател на УО и помагател на Колонијата. Поетите, професор д-р Мито Спасевски и Петко Шипинкароски имаа обраќање и читаа песни.
На свеченото отварање на Ликовната колонија...
Post Views: 2
Градоначалникот Јован Стојаноски и Рада Комадина ,главниот соработник на градскиот совет на Мостар, ставија потпис на Договор за пријателство и соработка меѓу двата градови. По долгогодишни заеднички дружења, средби, разговори и соработки меѓу двете држави БиХ и Македонија, и на двата градови, пристапивме кон потпишување на договор за соработка на градови кои имаат статус на заштита под Унеско, рече при тоа Стојаноски. Подвлече дека врските меѓу двете земји, БиХ и Македонија се долги, со традиција, а ќе продолжат и во иднина.
„ Отвараме нова ера на заедничка соработка,...
Post Views: 11
Утре официјално стартува летната туристичка сезона 2108 . Со богата програма и гостување на врвни музички имиња и годинава Охрид ќе биде привлечна дестинација за одмор. Забавата почнува во 18 часот кај кружниот тек на пристаниште со концерт на Исмаил Луманоски и Лозано. Продолжува во 19 часот и 30 мин. на пристаниште на сцена на брод со настап на локални диџеи. На антички во 21:30ч. ќе се одржи концертот на Масимо Савиќ. Музичкиот спектакл ќе се следи и преку видео бим на кружниот тек на градскиот плоштад. Потоа забавата продолжува со познати Диџеи како што се Сет,...