Post Views: 2
Стационарот за згрижување кучиња скитници ќе почне со работа од февруари идната година. Љупчо Грданоски директор на Охридски комуналец информира дека јавното претпријатие е подготвено да ја преземе грижата за кучињата скитници. Службите го изготвиле планот и програмата за работа на стационарот на Муцкер. Прогармата е веќе доставена до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство, кажува Граданоски.Со програмата се предвидува дневно да се заловуваат по 30 напуштени кучиња или третман да добијат околу 300 кучиња годишно. За функционирање на стационарот првично...
Post Views: 0
Подарени Новогодишни пакетчиња на децата од специјалните паралелки од ОУ Св Климент Охридски. Тоа предизвикаа весела атмосфера со многу насмевки и задоволни детски лица, песнички и новогодишни желби и пораки за добро здравје и среќа во Новата 2019 Година. Децата си посакуваа што да им донесе Дедо Мраз во Новата година.
„Многу сакам Дедо Мраз да ми донесе таблет“ , искрено посакува малиот Мартин.
Родителите на децата кои посетуваат настава во овие паралелки упатувата искрена благодарност до хуманите и општествено одговорни компании од градот.
„ Посетата за децата е убав...
Post Views: 2
По смената на Андон Бојаџи в.д директор на НП Галичица со соопштение до медиумите се огласи Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима. Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонски Зелен Центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија , ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни Анима Мунди и Здружение на инженери за животна средина бараат преиспитување на владината одлука за смена на в.д. директорот на НП Галичица, дипломиран шумарски инженер, со 25 годишно...
Post Views: 9
Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам...
Post Views: 3
Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица.
„ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди...
Post Views: 6
Охрид ќе биде домаќин на Македонската алпинистичка федерација, а спортистите ќе реализираат богат алпинистички викенд. Љубителите на овој специфичен и екстремен спорт ќе се искачуваат на планината Галичица и ќе се прикажат филмови од планинскиот фестивал Ехо, а вечерва ќе ги презентираат врвните достигнувања и ќе се доделуваат награди. Алпинистичката македонска федерација ќе ја додели наградата Јован Ангелов Циго за најуспешниот алпинист во 2018 година, за најуспешната наврска и за млад алпинист. Македонските алпинисти во текот на 2018 имале успешна година, информира...
Post Views: 4
Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе...
Post Views: 2
Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ.
„ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се изложени...
Post Views: 1
Општина Дебрца во туристички цели ќе ги искористи културните, археолошките и природни вредности со кои е опкружена. Ова се идните планови и намери на општината која започна со првични археолошки истражувања на значајни локалитети. Како позначајни се споменуваат Требенишкото кале, кулите во Песочан и Годивје, како и локалитетот Градиште во Слатино. Тие се дел од проектот кој се релаира годинава ,а е насловен како „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. На бројни локалитети низ Дебрца работеа истражувачки археолошки тимови предводени од проф. д-р Виктор...
Post Views: 0
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје.
„...
Post Views: 4
Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де...
Post Views: 0
Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле. Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно училиште.
Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше дел од фолклорната група која изведе сплет игри од „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето...