Автор: Валентина Неловска

Подновена работната механизација на јавното претпријатие Охридски комуналец

Post Views: 2 Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции во...

Continue reading

Со планинската трка „Охрид треил“ градот добива нов спортски настан

Post Views: 1 Промовиран новиот спортски настан Охрид треил. Станува збор за комбинирана трка и пешачење низ определени предели во НП Галичица во должина од 60 км и 35 км. Учесниците ќе трчаат на големата трка 12 часа , а на малата 9 часа. Охридската Асоцијација за спортови „ Спорт за сите Сите за спорт“ и Здружението „Трекс“ со поддршка на Локалната самоуправа ќе го организираат овој спортски настан во месец мај. Организаторите имаат амбиции планинската трка да прерасне во меѓународна спортска манифестација, напоменува Дејан Крле од Здружението Трекс. „ Планинското трчање е мешавина...

Continue reading

Охрид и оваа година очекува да расте трендот на туристичка посетеност и реализирани ноќевања

Post Views: 2 Општина Охрид се надева на успешна туристичка жетва и оваа година. Од статистичкиот извештај на Државниот завод за статистика се гледа дека за десет месеци во минатата година биле реализирани над 960.000 ноќевања и над 260.000 посети. На домашните гости од овие показатели отпаѓаат над 100.000 посети и 540.000 ноќевања. Од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) очекуваат преку настапите на туристичките саеми и останатите туристички промоции да продолжи трендот на раст на странски и домашни гости на охридското крајбрежје и дека ќе го надмине бројот од еден...

Continue reading

Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи

Post Views: 4 Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот имот...

Continue reading

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Post Views: 0 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати некој...

Continue reading

Во Хидробиолошкиот институт не е започнат риболовот на охридската пастрмка за вештачки мрест

Post Views: 1 Почна мрестот на охридската пастрмка, но не и ловот за вештачкиот мрест на ендемичниот вид риба кој го спроведува Хидробилошкиот завод. Традиционално ловот на ендемичниот вид пастрмка почнува на 21 јануари и трае до крајот на месец март кога се собираат одобрените количини икра за вештачки мрест. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека владата ја донела Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година на 15 јануари.Во програмата е предвидена мерка за порибување на риболовните подрачја во Република Македонијасо...

Continue reading

Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани

Post Views: 1 Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска. Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на морталитет...

Continue reading

Охриѓани и стружани не се снаоѓаат најдобро на лизгавиот снег

Post Views: 0 Докторите од службата за итна медицинска помош утрово кај двајца пациенти констатирале посеризони скршеници на екстремитетите. Тие се упатени на понатамошно лекување, информира д-р Ана Неделкоска , ракводителот на ИМП. Од почетокот на месецов до денес во нивната служба се евидентирани над дваесет пациенти со посериозни повреди на коските на разни делови од телото. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот. Јануарските мразеви и снегот биле кобни и за стружани. Од градската болница во Струга најтешките...

Continue reading

Петнаестина љубители на животни обезбедија засолништа за бездомните кучиња

Post Views: 8 На повеќе локации во Охрид поставени засолништа за бездомните кучиња. Охридски љубители на животни се погрижија во овие студени зимски денови  бездомните кучиња да имаат сигурно и топло засолниште. Анастасија Димзова е една од 15-тината  активисти кои се вклучија во акцијата да постават  десетина куќарки во повеќе делови на градот. Куќарки од картонски кутии со ќебиња во нив, се поставени во Центар,  Далјан, кај Емуц, кај Белависта, на улицата Асном. Во една куќарка може да се засолнат од студот и до 3 кучиња. Куќарките се поставени на места каде што активистите за заштита...

Continue reading

Студенскиот дом Никола Карев станува се попривлечен за туристите

Post Views: 1 Вратите на државниот  студенски дом „Никола Карев“ се отворени за комерцијално работење и во зимскиот период. За гостите домот е привлечен во летните месеци, но се повеќе е баран и во зима. Гости имаше и за новогодишните празници, а сега се очекуваат и за празникот Водици. Голем е интересот за сместување во домот од домашни гости, но се прават обиди да се привлечат и странски гости, информира директорот на домот Жарко Куциноски. „Среќа имаме што студенскиот дом е во Охрид , а другите студенски домови во земјава кубурат со финансии. Колку толку ќе се обезбедат и покријат...

Continue reading

Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок

Post Views: 7 Од регионалната управа за јавен приход информираат дека во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок. Напоменуваат дека очекуваат зголемување на оваа бројка по продлжување на рокот до крајот на јануари за електронска регистрација на персонален данок за граѓаните кои досега не ја исполниле законската обврска, напоменува Злате Мунески портпарол на регионалната УЈП од Битола. „Задоволува бројката, но очекуваме да се регистрираат уште 2000 до 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Апелираме граѓаните кои се регистрирале...

Continue reading

Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени

Post Views: 10 Градот ги прави завршните подготвки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление. Прославата ќе биде во духот на христијанската традиција, информира Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.„Јавните претпријатија беа ангажирани во чистење на плоштадот и пристапните улици. Денес почнуваме со украсување на градот. Очекуваме голем број домашни и странски гости кои ќе допатуваат да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро“, истакна в.д градоначалникот Георгиески. Нуркачите од Амфора го завршија чистењето на просторот во езерото каде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top