Автор: Валентина Неловска

Охридските крводарители добија плакети и благодарници

Post Views: 7 Охридскиот кровдарител Борче Матески е добитник на плакета од ОО ЦК за 50 пати дарувана крв. Матески е крводарител од својата 16 година. Тој порачува крводарувањето е хуман чин со кој се спасуваат човечки животи , а тоа нема цена. „Веќе 40 години дарувам крв повеќе од 50 пати. Чувството е големо и хумано. Се молам да имаме здравје и ние што даруваме крв и на тие што се болни и им е потребна крв“, вели Матески. Порачува младите да се вклучат во хуманото семејство на крводарители затоа што никој не знае кога ќе има потреба од оваа скапцена течност за луѓето“. ОО на Црвен...

Continue reading

Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава

Post Views: 1 Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на оџаците...

Continue reading

Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината и јавните претпријатија

Post Views: 2 На Дневен ред на општинскиот Совет денеска беа реализираните развојни програми на општината, финансиските завршни сметки на претријатијата и општински училишта за 2018. Советниците ги усвоија извештаите за реализацијата на развојните програми на Локалната самоуправа како и годишниот извештај за завршната сметка на буџетот. Според опозицијата во советот, потфрлување кај реализираните програми планирани со буџетот за 2018 има во делот на комуналните услуги, градежното земјиште, секторот за комунални дејности, улици и патишта. „Години наназад програмите се желба ,а не реални...

Continue reading

Угостителски објекти од регионов дел од првиот водич на „Slow food“ гостилници

Post Views: 19 Пет уготителски објекти од регионов се дел од првиот водич „ Slow food“ гостилници. Тие ја добија оваа ознака меѓу 17-те македонски гостилници избрани од Slow food Македонија. Тоа се тераса „Утарна“ во Горно Коњско, етносело „Андревци“ во Годивје, етнопансионот „Кутмичевица“ во Вевчани, вила „Радожда“ и вила „Мал Св. Климент“ Охрид. Станува збор за угостителски објекти кои нудат традиционална храна, подготвена на традиционален начин, а при тоа користат локални производи, информира проф. д-р Ангела Крстаноска Пасквале.  Целта на водичот беше да се едуцираат нашите сопственици...

Continue reading

Фолколорните ансамбли мака мачат да привлечат играорци

Post Views: 0 Се потешко организаторите на фолклорните ансамбли и друштва го привлекуваат вниманието на младите луѓе да бидат дел од нивните играорни постави, укажува Илче Ѓорески од ансамблот Филиграни. Социјалните мрежи и мобилните телефони се најголеми конкуренти на фолклорните ансамбли.Со надчовечки напори охридските фолкорни друштва обезбедуваат доволен број на фолклористи, вели Ѓорески. „Ние како ансамбл броиме 150 членови во 4 возрасни групи. Некако успеваме имаме кворум, доволен број на членови посебно машки играорци. Тие се проблематични да дојдат во друштвата бидејќи повеќе...

Continue reading

Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение

Post Views: 1 На малиот плоштад Чинар веднаш до илјадалетното дрво споменик на природата. Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение. Парцелата каде што се одвиваат градежните работи е во сопственост на државата. Од Министерството за транспорт и врски за случајот информираат дека тие не дале одобрение за градежни активности ниту на правно ниту на физичко лице. Земјиштето не е отуѓено и никој не може да поднесе барање за градба“. Во овој случај според Законот за градење треба да постапи Државниот градежен инспекторат. Локацијата на која се изведуваат градежните...

Continue reading

Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење

Post Views: 10 Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење, информираат од МЈП Проаква. Жителите од ова приградско село може да здивнат од фактот дека пијат исправна вода за пиење од водоводниот систем. Ова го покажаа последните анализи по само еден месец од преземањето на управување со водоводниот ситем од страна на МЈП Проаква, напоменува директорот на претпријатието Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква . „ Со ова покажевме дека се обезбеди сигурна вода пиење и саниран водоводен систем за кратко време. Се надеваме дека и другите месни заедници...

Continue reading

Туристите кои допатуваа во Охрид за осмомартовскиот празник дочекани со бисери и народна музика

Post Views: 10 Група туристи од Црна Гора добија охридски бисери, а посебен накит од брендот Филеви доби припадничка на понежнит пол. Ангелина Бајиќ од Подгорица е среќната добитничка на комплет накит од брендот Охридски бисер Филеви. Со тоа продолжува традицијата на дарување охридски бисер на странските туристки при посетата на Охрид за празникот на жената 8-ми Март. Ангелина долго ќе го памети ова 8-мо Мартовско патување пропратено со многу изнендувања. „ Прв пат сум во Охрид. Одамна посaкував да дојдам тука но, заради разни околности го одложував патувањето се досега. Патувањето...

Continue reading

Единствената мини фарма со магариња во земјава се наоѓа во Велестово

Post Views: 5 Роберт Шиникоски во атарот на родното Велестово подигнал мини фарма со магариња. Овој млад човек, пред 18 месеци се вклучил во проект за спас од исчезнување на автохтоната сорта магариња. Со помош на здружението на граѓани “Буша“ се вклучил во проект за заштита. Добил грант од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови и набавил 11 машки и женски грла добиток. Шиникоски е голем љубител на животни и вели дека работата не е тешка. Раскажува за почетоците при основањето на фармата. „ Потешкотии нема бидејќи овие животни не бараат многу , се задоволуваат со малку. Но сепак...

Continue reading

Отворени се листи за собирање на потписи од 4 кандидати за шеф на државата

Post Views: 9 За четворица кандидати со амбиции за шеф на државата течат постапките за собирање потписи. Во охридското одделение на Државната изборна комисија има 4 отворени листи за собирање потписи за претстојната претседателската трка. Димче Петровски, Филип Петровски, Блерим Река и Господин Попоски доставиле кандидатски листи за добивање поддршка од охриѓани. За еден ден, завршила постапката за собирање потписи на претседателскиот кандидат Гордана Силјаноска Давкова во општините Охрид и Дебрца, информира Марга Димкоска раководител на Подрачното Одделение на ДИК. Во подрачното...

Continue reading

Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта

Post Views: 1 Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта , укажува доцент д-р Ристе Попески Димоски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет од Скопе. Учениците наставниот предмет физика го учат само теоретски од учебниците. За доближување на физиката до ученците треба правење експерименти за што треба минимална опрема која сега ја нема во школите, додава Димоски. „Кабинетите не само што се застарени тие се исчезнати , во некој шкаф затворени.Но, би требало секое училиште и гимназија да има кабинети по физика, хемија , биологија каде што ќе има нагледни...

Continue reading

Спортски ден за охридските основци

Post Views: 0 Се одржа спортски ден во салата Тодор Александров во Велгошти. Учениците од охридските училишта и од Дебрца имаа спортски ден по повод одбележувањето на роденденот на Тодор Александров. Спортскиот ден го отвори в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески кажа дека радува фактот што Охрид има ентузијасти во сферата на спортот кои ги организираат ваквите спортски настани за добробит на младите генерации. „Ова е од големо значење за градот бидејќи преку промоција на здравиот начин и активниот начин на живот ги поттикнуваме младите да чекорат по вистинскиот пат....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top