Отворени се листи за собирање на потписи од 4 кандидати за шеф на државата

Во подрачното одделение на ДИК тече постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи за  претсeдател на државата. Досега нема поднесено независна листа за собирање потписи за градоначалничка кандидатура.

 |  Валентина Неловска  | 

За четворица кандидати со амбиции за шеф на државата течат постапките за собирање потписи. Во охридското одделение на Државната изборна комисија има 4 отворени листи за собирање потписи за претстојната претседателската трка. Димче Петровски, Филип Петровски, Блерим Река и Господин Попоски доставиле кандидатски листи за добивање поддршка од охриѓани. За еден ден, завршила постапката за собирање потписи на претседателскиот кандидат Гордана Силјаноска Давкова во општините Охрид и Дебрца, информира Марга Димкоска раководител на Подрачното Одделение на ДИК.

Во подрачното одделение од 23 февруари до денес над 1000 охриѓани дошле и направиле увид во единствениот избирачки список. Димковска напоменува дека избирачкиот список за општините Охрид и Дебрца е ажуриран и прочистен. Граѓаните да го проверат избирачкиот список и за сите евентуални забелешки лично да се пријават во ПО на ДИК , советува Димковска. Одделението работи секој ден од 9 до 19 часот, а избирачкиот список ќе биде затворен на 14 март. Охриѓани увидот може да го направат и по електронски пат.
Што се однесува пак, до кандидатските листи за градоначалник до ПО ДИК досега не се поднесени независни листи за собирање потписи за оваа функција. Шестите претседателски избори ќе се одржат на 21- ви април. Паралелно со претседателските, во општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе се одржат и вонредни локални избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top