Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење

Последните примероци од анализираната вода за пиење покажале дека се исполнети критериумите за безбедно снабдување со вода. Напојувањето на жителите со вода за пиење по законските критеруими на Агенцијата за храна и ветеринарство се случува по преземањето на управување на водовднито и систем од страна на МЈП Проаква.

 |  Валентина Неловска  | 

Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење, информираат од МЈП Проаква. Жителите од ова приградско село може да здивнат од фактот дека пијат исправна вода за пиење од водоводниот систем. Ова го покажаа последните анализи по само еден месец од преземањето на управување со водоводниот ситем од страна на МЈП Проаква, напоменува директорот на претпријатието Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква .

„ Со ова покажевме дека се обезбеди сигурна вода пиење и саниран водоводен систем за кратко време. Се надеваме дека и другите месни заедници ќе најдеме арзбирање и ќе ги преземем водоводниот систем и нивната вода за пиење за кратко време ќе биде исправна за пиење“, напоменува Алексијоски.

Жителите од Долно Лакочереј за водата за пиење ќе плаќаат иста цена за потрошен кубик како и останатите граѓани кои користат вода од градскиот водоснабдителен систем. Цената е 25,20 денари за потрошен кубик вода , а во тек е воспоставување на наплатниот систем за жителите од Долно Лакочереј, укажува Алексијоски.

„ Во тек е постапка за промена на старите броила кои не се активни, поставување на броила каде што нема, потпишување на договори за водоснабдување ,а за скоро од месец април жителите од Долно Лакочереј ќе влезат во евиденција на корисници на услугите на претпријатието и ќе добијат сметки за наплата на вода“, вели Алексијоски.

Директорот на МЈП Проаква е оптимист дека ќе постигнат компромис и со претставниците од другите месни заедници кои долго време одбиваат да се приклучат на градскиот систем. Камен на сопнување и понатака е цената која жителите ќе треба да ја плаќаат, а тоа го аргументираат дека водоводниот систем е граден со сопствени средства. Алексијоски напоменува дека цената за потрошен кубик вода ја одредува Регулаторна Комисија, а ЈП за водоснабудање се обврзани според нивното решение да ја наплааќат цената  за сите жители без исклучок.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top