Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава

Предизвикани се од немарност при палење стрништа и неисчистени оџаци. Најзагрижувачка е појавата на пожари на отворено, во викендите во селата во Дебрца. За 70 пожари од палење стрништа никој не е казнет.

 |  Валентина Неловска  | 

Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на оџаците и ќумците, споделува Прентоски. Апелира до СВР и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучат во превенција на пожарите на отворен простор затоа што се предизвикува еколошка и материјална катастрофа.

„ Пожарите ние ги пријавуваме до СВР и тие носат одлуки дали ќе покренат мерки. До јавното обвинителство досега нема пријавени и казнети сторители“, вели Прентоски.

Земјоделците и овоштарите најчесто применуваат погрешни тактики со палење на сувата вегетација и стрништата по нивите. Со тоа предизвикуваат уништување на живиот свет и пореметување на микроклимата посочува Ванчо Стојаноски охридски екологист и овоштар. Потребна им е едукација и соодветна реакција на инспекциските служби и полицијата, смета Стојаноски.

„ Не се свени дека си штетат сами на себе и на околината. Со палењето на стрништата се уништуваат бактериите во горниот слој од почвата и тој дел е нефункционален. Пожарите може да се прошират на овошните насади, а се загадува и животната средина“, кажува Стојаноски за состојбите при палење на стрништата на отворен простор.

Во справување со огнените стихии во Охрид и Дебрца пожарникарите изгаснале пожари на седумдесет објекти, а на отворен простор гаснеле 71 пожар.ати. Пожарникарите имале и 4 интервенции на опожарени возила. Прентоски укажува дека порано во Дебрца годишно имале до 30 интервенции, а за само три месеци од оваа годинана изгаснале 33 пожари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top