Post Views: 2
Општината ќе става ред и на кеј Македонија на објектите кои се наоѓаат вдолж шеталиштето. Голем број објекти ги прекршиле издадените одобренија од општината, вели градоначалникот Константин Георгиески, за ситуацијата и во овој дел од атрактивното крајбрежје.
„ Таму состојбата е лоша како и секаде. Станува збор за полулегални објекти. Таму е издадено одобрение за поставување на урбана опрема, а урбана опрема според дозволите кои ги добиле од општина и за кои плаќаат надомест значи некаде настрешница, чадори и маси, а никаде не станува збор за застаклување, физичко затварање,...
Post Views: 0
Со децении беше игнорирано зачувувањето и уредувањето на Охридското крајбрежје, а ние таа практика ја напуштаме, истакна Константин Георгиески, кадидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Препораките од УНЕСКО по кои постапивме ни дадоа дополнителен правец, кажа Георгиески и ги најви плановите за уредување на овој важен туристички потенцијал на градот.
По претходна детална анализа, консултација со експерти од сите области, преземаме конкретни мерки за овозможување на туристичка функционалност на плажите, кои ќе бидат...
Post Views: 1
Со театарската престава „Каде е пиштолот “ старуваше есенската сезона во Центарот за култура Григор Прличев. Со детската претстава „Алиса во земјата на чудата“, охридските актери гостуваа и во Штип, на фестивалот за детска драма. Успешно преставување актерите имаа и на двата театарски фестивали во Скопје и Струмица. Актерот Стрезо Стаматоски и охридските актери од преставата Стаклена Менажерија беа забележани со актерската инвентивност и квалитет, а сега ќе продолжат со квалитетна игра и на матичната сцена, информира Горан Симоноски директор на Центарот за култура Григор...
Post Views: 0
Градоначалникот Константин Георгиески утре патува за Парис во канцеларијата на Унеско. Во понеделник ќе се сретне со претставници на Унеско каде што треба да поднесе прв извештај како тече постапувањето по препораките кои треба да се исполнат за да не се најде Охрид на црната листа на загрозени подрачја под заштита на Унеско.
„ Проблемот со ситуацијата во која Охрид се најде со Унеско во добар дел е и заради немање комуникација со стручните и советодавните тела на Унеско досега. И информациите кои таму се презентираат претходно се од несоодветни извори“, вели за досегашните...
Post Views: 2
За градоналникот Константин Георгиески нема дилема дека треба да се почитуваат правото и законот во урбанистичката сфера. Во моментов општината постапува по решенија за одстранување на нелегални градби, а при тоа се користат сите правни лекови, рече охридскиот градоначалник. Проблемот со дивоградбите, напластени со години, не може да се реши за ден- два, вели Георгиески. Од 2003 година во општината не е срушено нити едно столпче на дивоградбите, кажа градоначалникот. Покрај рушење на дивоградби во делови на градот, тој најави дека ќе се одстрануваат и сите платформи...
Post Views: 2
Под мотото „Дефилирај не се фолирај“ се одржа марш во организација на ПХВ младинците на ОО ЦК. Во прошетката која се одвиваше од плоштадот Крушевска Република од Холандскиот парк зедоа учество голем број охридски основци и средношколци од сите општински училишта.
„ Ние денес испративме порака за соживот, толеранција, разбирање, почитување на разликите. Промоцијата на хумани вредности е програма со која 20 години на годишно ниво се обучуваат по 1200 млади кои прават проекти за доброто на заедницата“, напоменува Весна Терзиоска инструктор за ПХВ и потпретседател на ОО...
Post Views: 7
Струга урбанистички ќе се уредува пред почетокот на туристичката сезона. Започна реконструкцијата на шеталиштето на левиот кеј од реката Црн Дрим, од мостот на улица Маршал Тито до хотел Дрим. Секторот за урбанизам ги спровел сите законски регулативи, избрал најповолен изведувач и издал градежно одобрение. Според идејниот проект за реконструкција на речниот кеј, во првата фаза кејот ќе биде поплочен со гранитен камен, ќе бидат поставени канделабри, клупи за одмор, а просторот ќе биде оплеменет и со хортикултурно зеленило, информира раковдителот на секторот за...
Post Views: 2
Традиционално, последниот петок во месец септември е датумот за одржување на културната манифестација Охридски староградски средби. По 31-ви пат во Центарот за култура ќе се слушнат песни со староградски мелос, информира Горан Симоноски директор на установата „Григор Прличев“. Манифестацијата нуди можност да се слушнат песни со строградски призвук од сите краишта на земјава. Годинава на средбите ќе настапат хорови, пејачки групи и Културно уметнички друштва од Скопје, Штип, Прилеп , Тетово, Гевгелија, Богданци, Охрид и Дебрца. Музичките групи кои негуваат ваков мелос...
Post Views: 9
Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа се гледа...
Post Views: 14
Започна одстранувањето на платформата на кафе барот Аквариус од водите на Охридското езеро. Сопствениците на Аквариус започнаа сами да ја одстрануваат платформата. Тоа го изјавија пред еден месец по најавата на локалната дека по завршување на летната сезона ќе постапува според барањата на Унеско. Во меѓувреме сите сопственици на платформи в долж крајбржјето добија решенија од надлежните инспекциски органи за одстранување на нелеглно поставените платформи од водите на Охридското езеро. И додека граѓаните ја очекуваат конечната разврска од најавите на ЛС, некои од случајно...
Post Views: 1
Во среда, ученици од Општинскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски ќе присуствуваат на настанот „ Macedonia Manufacturing Expo – 2019“ во Скопје. Над триесетина средношколци од овој центар ќе имаат можност да слушнат повеќе информации за значењето на дуалнот стручно образование, а исто така да земат учество и во дискусија. Настанот и поканата се во организација на делегацијата Германското стопанство во Република Северна Македонија. Покрај, средношколците од прва година, на настанот ќе бидат и неколкумина ученици од втора година, информира директорoт...
Post Views: 0
Голем број на учесници меѓу кои граѓани и ученици, денес зедоа активно учество во велосипедското дефиле што се одржа низ градските улици. Младите луѓе се почесто избираат да возат велосипед низ градот, а со тоа покажуваат дека се пријателски расположени кон животната средина, а мислат и на своето здравје.
Организатор на дефилето е општина Охрид, вклучувајќи се и оваа година во одбележување на Ден без автомобили во рамките на Европската недела на мобилност. Во велосипедското дефиле учество зеде и Ристо Николески, заменикот градоначалник на Охрид. Открива дека вози велосипед...