Георгиески : Охрид ќе добие градски плажи по сите современи текови

Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ најави уредување на охридските плажи. Спроведувањето на проектот е во согласност со Урбанистичкиот план за крајбрежјето. Ќе се работи Охрид да добие градски плажи по сите современи текови и во склад со еколошките стандарди.

 |  Валентина Неловска  | 

Со децении беше игнорирано зачувувањето и уредувањето на Охридското крајбрежје, а ние таа практика ја напуштаме, истакна Константин Георгиески, кадидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Препораките од УНЕСКО по кои постапивме ни дадоа дополнителен правец, кажа Георгиески и ги најви плановите за уредување на овој важен туристички потенцијал на градот.

По претходна детална анализа, консултација со експерти од сите области, преземаме конкретни мерки за овозможување на туристичка функционалност на плажите, кои ќе бидат достапни за сите граѓани и ќе бидат во хармонија со природата. Уредувањето на плажите ќе биде во согласност со Урбанистичкиот план за крајбрежје кој го подготвува Агенцијата за просторно планирање и Планот за управување со светското природно и културно наследство – истакна Георгиески.

Развиваме нов сериозен концепт и план, за општината да преземе важна улога во уредувањето и во управување со плажите, согласно еко стандардите. Охрид конечно добива градски плажи по сите современи текови и еколошки препораки, рече Георгиески.

Во јавноста ќе бидат објавени идејните решенија кои пристигнаа на Јавниот повик на општината, кој беше објавен на крајот на август. На повикот се бараа креативни предлози и дигитални 3Д анимации за уредување на плажите, согласно предвидените критериуми за заштита на природата и Охридското Езеро. Целта на повикот беше да ги вклучиме домашните архитекти, урбанисти но и граѓаните во креирање и избор на најдоброто идејно решение – додаде Георгиески.

Преку посебна програма ќе се пристапи и кон тековно чистење на околината, хортикултурно уредување, поставување на објекти од природни материјали, реквизити и друга сезонска понуда за туристички цели, најави Георгиески.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top