Градоначалникот Георгиески ќе оди во работна посета на Унеско во Париз

Во понеделник треба да го поднесе првиот извештај за прогрес според дадените препораки. Оптимист е дека на следната сесија на Унеско во Кина Охрид нема да биде на црната листа на загрозени подрачја под заштита на Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 

Градоначалникот Константин Георгиески утре патува за Парис во канцеларијата на Унеско. Во понеделник ќе се сретне со претставници на Унеско каде што треба да поднесе прв извештај како тече постапувањето по препораките кои треба да се исполнат за да не се најде Охрид на црната листа на загрозени подрачја под заштита на Унеско.

„ Проблемот со ситуацијата во која Охрид се најде со Унеско во добар дел е и заради немање комуникација со стручните и советодавните тела на Унеско досега. И информациите кои таму се презентираат претходно се од несоодветни извори“, вели за досегашните пропусти градоначалникот.

Сега градоначалникот има намера работите да се променат. Оптимист е дека Охрид ќе го зачува стустот кој го има со децении, а не се добива така лесно.

„ Ние имаме намера да го смениме тоа и д а воспставиме со Унеско комуникација за сите чекори кои ги презнтираме и да ги информираме“, вели Георгиески.

Георгиески вели дека локалната ќе преземе се што е во нејзина надлежност за Охрид на следното заседание на Комитетот за светско наседство кое ќе се одржи во Кина да не се најде на црната листа на светско наследство во опасност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top