Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска

Се здобил со скршеница на ногата  при пад  во отворена шахта. В долж улицата има и прописно и непрописно поставени шахти. Од Фондот за комунален развој напоменуваа дека и понатака шахтите се крадат со што се загрозува животот на пешаците. 

 |  Валентина Неловска  | 

Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа се гледа дека в долж улицата има поставено шахти од кои некои имаат прописно поставени капаци, а некои се покриени со импровизирана заштита од дрвени палети.

ТВМ го контактираше Фондот за Комунален развој со прашање зошто не се покриени сите шахти со капаци и кога целосно ќе биде завршен тротоарот од двете страни на улица Егејска.

Од Фондот информираат дека шахтите биле покриени со дрвени палети, но биле украдени. Упатуваат апел до граѓаните да не ги крадат импровизираните заштити поставени на шахтите. До крајот на неделата очекуваат да бидат поставени прописните капаци врз шахтите.
Инаку, улицата Егејска беше асфалтирана, а тротоарите поплочени пред еден месец, а претходно по подолг прекин беа запрени градежните работи на улицата во период од околу 4-5 месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top