Во петок ќе се одржи културната манифестација Охридски староградски средби


Десеттина културно  уметнички друштва од земјава ќе настапат со својот староградски мелос. Средбите се одржуваат по 31 -ви пат во Центарот за култура Григор Прличев, а влезот за посетителите е слободен.

 |  Валентина Неловска  | 

Традиционално, последниот петок во месец септември е датумот за одржување на културната манифестација Охридски староградски средби. По 31-ви пат во Центарот за култура ќе се слушнат песни со староградски мелос, информира Горан Симоноски директор на установата „Григор Прличев“. Манифестацијата нуди можност да се слушнат песни со строградски призвук од сите краишта на земјава. Годинава на средбите ќе настапат хорови, пејачки групи и Културно уметнички друштва од Скопје, Штип, Прилеп , Тетово, Гевгелија, Богданци, Охрид и Дебрца. Музичките групи кои негуваат ваков мелос имаат голем интерес за учество на Охридските строградски средби но се врши селекција за учество и се води грижа секоја година да има староградски песни од различни региони од земјава, напоменува Симоноски.

Ансамблите се во групи од 10 до 15 луѓе за кои задолжителен критериум е да го негуваат староградскиот мелос за да можат да учествуваат на Охридските староградски средби. Имаме стручно лице кое ја проследува програмата и одлучува кои групи ќе бидат избрани и ќе настапат “, информира Симоноски.

Охридските староградски средби традиционално стартуваат со музичка прошетка низ охридската чаршија. Учесниците тргнуваат од малиот плоштад Крушевска Република и доаѓаат до Центарот за култрура.Влезот е слободен за посетителите и љубителите на овој музички мелос, нагласува Симоноски.

Два часа ќе трaе прогрaмата. Почнува во 20 часот , а ќе заврши околу 22.30 минути. Сите ансамбли ќе имаат по 15 до 20 минути термин за својот настап“, вели Симоноски.

Охридските староградски средби започнале во 1974 година и се одржувале се до 1994, кога згаснуваат. Повторно се возобновени од 2008 година. Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за култура и од Локалната самоуправа Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top