Автор: Валентина Неловска

Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството

Post Views: 5 Лицата со посебни потреби сеуште се оставени на маргините на нашето опшетството. Во нашата земја има училишта и институции без соодветен пристап за лицата со попреченост, нема приспособени јавни тоалети и превоз, нема дневни центри за згрижување на лица со попреченост од сите категории, нема регистер на лица со попреченост и не се знае нивниот точен број, нема лични асистенти за социјални услуги. Ова се само дел од неповолните состојби пред кои се исправени семејствата и лицата со попреченост кога се одбележува 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби....

Continue reading

За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид

Post Views: 6 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани. Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места....

Continue reading

Охридските трговци не работат во недела

Post Views: 11 Охридските трговци се дисциплинирани и не работат во недела. Контролите на државниот трудов инспекторат покажале дека охридските трговци го  почитуваат новиот Закон за работни односи. Пријави за прекршоци на законот за неработна недела нема и во кол центарот на инспекторатот каде што може да се дојавуваат вакви неправилности. Нема затекнати прекршувања ни од одредбите на законот за трговија кој што се однесуваат на трговците на мало кои тргуваат со прехранбена стока во нашиот реон, а се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Цветко Ристески, раководител на...

Continue reading

Обележaн паркинг пред школo блокада за влез на возилата за брза интервенција

Post Views: 8 Влезот во школото „Братство Единство“ на ул. 7-ми ноември е непристапен за возилата на Противпожарна и Брза помош. Обележан паркинг простор на кој се паркираат возила го попречуваат приодот во случај на брзи интервенции, информира Џемал Мехмед, директор на ОУ „Братство Единство“. Директорот бара решавање на овој проблем кој не е нов. Три паркинг места треба да се избришат за да се отвори вратата. Не е голем проблем, решлив е проблемот но треба плански, документирано тоа да се регулира. Коректно е да биде регулирано, лесно решливо е на терен иако има бирократски дел...

Continue reading

Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата

Post Views: 8 Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија. „И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто...

Continue reading

Мисијата на Унеско се сретна со невладиниот сектор

Post Views: 1 Невладиниот сектор вчера одржа средба со претставници на Мониторинг комисијата од Унеско. Тие ги искажале ставовите и забелешките во однос на заштита на културното и природното наследство во регионот. И понатаму останува неизвесно дали Охрид ќе остане под Унеско или ќе се најде на листата на загрозени културни наследства, што е чекор до бришење од листата на Унеско, вели Драгана Велковска од Здруженито „Еден“ по одржаната средба. Оваа дилема ќе се разјасни по 8 недели кога Реактивната Комисија на Унеско треба да подготви извештај со информации и забелешки кои ги добила...

Continue reading

Општина Охрид планира подобрување на енергетската ефикасност на три основни училишта

Post Views: 9 Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите. Христо Узунов Реконструкција...

Continue reading

Нема интерес за регистрација во струшката комора на занаетчии

Post Views: 2 Во струшката комора на занаетчии досега нема интерес за нови регистрации. Струшката чаршија која некогаш важела за една од најразвиените со многу разновидни занаетчиски дејности денес полека изумира. Денес, во чаршијата скоро и да нема занаетчиски дуќан. Мустафа Селами, занаетчија слаткар и доскорешен претседател на струшката занаетчиска комора, цели 5 децении бил занаетчија, а од пред еден месец е во пензија. Поранешниот слаткар добро ги познава состојбите во занаетчиството во струшката чаршија. Од почетокот на годинава досега нема ниедна пријава, а има 2 -ца одјавени...

Continue reading

Започнува научно испитување на Белчишкото блато

Post Views: 2 Научници од Хидробиолошкиот институт ќе започнат проект со кој ќе се истражува Белчишкото блато. Овој екосистем во општина Дебрца е остаток од некогашното Десаретско езеро и се простира на површина од 130 хектари. За првпат ќе бидат вршени опсежни остеолошки, морфолошки и еколошки  истражувања на рибната популација. Целта е да се утврди каква е состојбата со рибите во Белчишкото блато, поврзаноста на видовите риби кои живеат во блатото со оние кои егзистираат во поблиските и подалечните екосистеми, информира д-р Орхидеја Тасеска, директорка на хидробиолошки институт. Активностите...

Continue reading

Стружани револтирани што по секој снег се јавуваат истите проблеми

Post Views: 3 Снежните врнежи во струшко-дримколкиот регион направија хаос. Паднати бандери и кабли, а и дрва го попречија норманлото движење во сообраќајот. Граѓаните синоќа беа и без струја. Без напојување беа Струга, Вевчани и планинските села од Малесија, но и во селата Делогожда, Мислоежда,Татеши. Во Струга секна и градската водоводна мрежа, а вода за пиење немаше се до попладневните часови. Стружани се револтирани од тоа што еден снежен зимски ден го парализира нормалниот живот на граѓаните. Од општина Струга информират дка ЈП Комунално и Проква биле вклучени во расчистување...

Continue reading

Македонската гранична полиција доби 16 нови возила

Post Views: 3 Во полициската станица во Струга беа врачени 16 полицски возила донација за македонската гранична полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја прими донацијата од Марко Акватичи заменик амбасадор на СР Германија во земјава. При тоа изрази благодарност за цврстото партнерство кое Македонија го има во СР Германија посебно на патот кон НАТО и ЕУ. „Од 1992 година до денес се реализирани многу заеднички проекти и со Сојузното министерство за внатрешани работи и со покраинските полиции  тоа покажува дека македонската полиција и колегите од Германија имаат заеднички...

Continue reading

Македонската гранична полиција доби 16 нови возила

Post Views: 5 Во полициската станица во Струга беа врачени 16 полицски возила донација за македонската гранична полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја прими донацијата од Марко Акватичи заменик амбасадор на СР Германија во земјава. При тоа изрази благодарност за цврстото партнерство кое Македонија го има во СР Германија посебно на патот кон НАТО и ЕУ. „Од 1992 година до денес се реализирани многу заеднички проекти и со Сојузното министерство за внатрешани работи и со покраинските полиции  тоа покажува дека македонската полиција и колегите од Германија имаат заеднички...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top