Охридските трговци не работат во недела

Инспекторите од трудовата и пазарната инспекција немаат напишано ниту една пријава или забрана за вршење на дејност за прекршување на законските одредби. Во изминативе два викенди не се затекнати прекршоци ниту кај трговците на мало кои тргуваат со прехранбена стока.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските трговци се дисциплинирани и не работат во недела. Контролите на државниот трудов инспекторат покажале дека охридските трговци го  почитуваат новиот Закон за работни односи.

Пријави за прекршоци на законот за неработна недела нема и во кол центарот на инспекторатот каде што може да се дојавуваат вакви неправилности.

Нема затекнати прекршувања ни од одредбите на законот за трговија кој што се однесуваат на трговците на мало кои тргуваат со прехранбена стока во нашиот реон, а се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Цветко Ристески, раководител на државниот пазарен инспекторат, информира дека во нашиот град има пет вакви објекти и инспекторите не затекнале прекршувања на законските одредби во Законот за трговија од кога стапи на сила од 10-ти јануари.

Трговците на мало кои вршат трговија со прехранбени стоки имаат право да работат 8 часа и тоа само основачот на трговското друштво ДООЕЛ или трговец поединец, според член 25 од Законот за трговија. Трговците кои вршат промет со облека и други стоки немаат можност согласно тој член да вршат трговија на мало во денот недела – вели Ристески.

Во изминатиот период инспекторите имале надлежност да ги контролираат трговците на мало дали го пријавуваат денот недела според законот за трговија за кој имаат надлежност да изрекуваат прекрошоци, а пак, забраната за вршење на дејност е дадена на трудовиот инспекторат според  законот за работни односи.

Во изминативе две недели до трудовиот инспекторат пристигнале над 200 пријави со кои трговците ќе им исплаќаат 50 проценти повисока дневница  на работниците. Инспекторите ќе ги проверуваат исплатите во текот на месец февруари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top