Автор: Валентина Неловска

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 1 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески. Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...

Continue reading

Отпочнаа градежните работи за уредување на рекреативната патека од Струга до Калишта

Post Views: 6 Стружани ќе добијат нова рекреативна патека која ќе води се до селското училиште во Калишта. Патеката ќе се гради покрај езерскиот брег и е во должина од еден и пол километар и ширина од 2 до 2,2 метри, информира Мирјана Лозаноска директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во моментов се чисти теренот и операторот почна со работа. Ќе се постави тампон од 20 цм, бетонска подлога, мрежа и природен, автентичен камен, еколошки бидејќи се наоѓа во заштитеното подрачје“, кажува Лозаноска. Градежните зафати на патеката ќе чинат 4 и пол милиони денари....

Continue reading

Започна реконструкцијата на кровот на Центарот за култура Браќа Миладиновци

Post Views: 23 Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска. „Потребата беше голема бидејќи имаше големо прокиснување...

Continue reading

Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга

Post Views: 1 Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски. „Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со многу...

Continue reading

Ана Бландиана е четвртата жена лауретат на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 3 Поетесата Ана Бландиана е четврта жена добитник на највисокото поетско признание на Струшките вечери на поезијата. Бландиана пред 15 години беше учесник на поетската манифестација со нејзината поезија, а овој пат заслужено и едногласно го доби признанието да биде годинешен лауреат, кажа Елизабета Шелева претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во богатата животна биографија на Бландиана таа била симбол и икона на бунтот, отпорот, непокорот против тоталитарниот режим во некогашна Романија. Бунтовниот и критички дух кој не замолчува пред неправдата таа го задржува...

Continue reading

Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици и крајбржјето

Post Views: 5 Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици, крајбржјето, плажите и хотелските комплекси, информира Иван Клечкароски, директор на ЈП Комунално Струга. Екипите на претпријатието беа ангажирани во три смени, се работеше не само преку ден, туку и во ноќните часови. Навечер подигавме смет онаму каде што тоа не беше изводливо преку ден заради зголемената фрекфенција на сообраќај и пешаци, вели Клечкароски. Додава дека во овие денови, за разлика од зимските месеци подигаат три пати повеќе смет. Првиот човек на Комуналното ги отфрла обвинувањата дека...

Continue reading

Охрид ќе го враќа автентичниот изглед на објектите во Чаршијата

Post Views: 31 На Охридската чаршија ќе и се враќа автентичниот изглед. Ова е зацртано во проектните планови на Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа. Се планира продавниците и угостителските објекти да го вратат традиционалниот изглед на излозите од дрво или имитација на дрво. Станува збор за објекти на потегот од Света Софија, градскиот плоштад, чаршијата па се до вториот Чинар, напоменува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.  Имаме направено целосна анализа во каква состојба е секој дуќан и објект во моментов, што е она што отскокнува од традиционалниот изглед,...

Continue reading

Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Post Views: 3 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам дека...

Continue reading

Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска

Post Views: 3 Викторија Чочорoска на музичката сцена се појави со прв видео запис на старата македонска народна песна „ Јаворе“. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната изработен од Дарио Јанковиќ и General film production. Станува збор за народна песна која започнала да ја пее на настапите во Литванија и Полска со КУД Вевчани и пејачката група Каданка. Случјанат срдба со композиторт Николче Мицевски прераснала во соработка од која резулата е песната Јаворе која го одсликува нејзиниот сензибилитет. „ Кога прв пат го слушнав аранжманот...

Continue reading

Ќе се реконструира охридската Гимназија

Post Views: 14 Тече постапка за реконструкција на охридската гимназија. Локалната самоуправа обезбеди средства во буџетот за внатрешно и надворешно уредување. Со градежните активности ќе се подобруваат работните услови и во овој средношколски образовен центар. Секторот за образование е посветен за реализација на овој проект, информира Димитар Спасески, појаснувајќи кои зафати се планираат со проектната документација за  Гимназијата. Се предвидува промена на електричната инсталација, уредување на ѕидовите, подовите. Има проект за надворешно уредување на гимназијата. Изградба на трим...

Continue reading

Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч

Post Views: 42 Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме нормално како...

Continue reading

Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта

Post Views: 0 Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро  покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо. Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни одводни канали...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top