Автор: Валентина Неловска

Лекарите од внатрешноста со вакцината Бионтек/Фајзер ќе се имунизираат во Скопје

Post Views: 0 Околу 200 медицински лица од Охрид  колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид. „Заради специјалниот начин на чување...

Continue reading

Доделени спортски ваучери за охридските спортски клубови

Post Views: 15 Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари. Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот на финансирање...

Continue reading

Проодни локалните патишта во охридската околина и Дебрцa

Post Views: 7 Екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистија снегот по градските и локалните патишта во градот и околината. Директорот на јавното претпријатие Љупчо Грданоски информира дека биле ангажирани 100 тина вработени и расположливата механзиација за расчистување на снегот во крајно екстремни временски услови. Според Програмата за работа во зимски услови обезбедиле пристапни улици во градот и околината. Грданоски ги повика сограѓаните да бидат одговорни. „Апел до граѓаните да се однесуваат согласно Законот за јавна чистота и секој пред својот дом и правните субјекти да ја завршат...

Continue reading

Данче Наумоска создава бакарна бајка две децении

Post Views: 44 Уметникот Данче Наумоска обработува бакар. Создава уметнички дела и накит од овој благороден метал. Нејзината бакарна бајка ја создава цели две децении. Почетоците и се поврзани со изработки на слики, икони, најразлични охридски мотиви, реплики на историски артефакти од нашето поднебје, сувенири. Во последно време прави и накит од бакар и персонализирани креации. Постојано се надградува во уметноста и создава нови уметнички креации и техники. Данче успешно чекори по стапките на татко и, познатиот охридски мајстор и бакрорезец Велјан Филчески, од кого ги наследила талентот,...

Continue reading

Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот

Post Views: 4 Странските гости кои летуваат во хотел Дрим на струшката ривиера се закануваат дека ќе заминат од Струга заради чадот и реат кои се шират од депонијата која гори. Тие доаѓаат од еколошки освестени средини и се чудат како во една европска цивилизирана земја може да се случува вакво нешто, велат од хотел Дрим. „Доаѓаат реагираат и бараат да се изгаси депонијата или ќе го напуштат хотелот. За среќа, досега никој не си отишол но сме должни да реагираме до институциите да сопре ова палење со депонијата“, вели Ана Јанчева од хотел Дрим . По вчерашното , повторнот палење на...

Continue reading

Се узурпираат и продаваат заедничките простории во внатрешноста на Амамот

Post Views: 10 Се узурпираат заеднички простории во трговскиот центар Амам. Поединци бесправно преградуваат , застаклуваат ходници, тераси, подруми, заеднички тоалети, а заедничките влезови се претвораат во кафулиња, револтирано напоменуваат сопствениците на дуќани кои имаат деловни простори во амамот. Сопствениците на деловни простории и дуќани во ТЦ Амам регистрирале 8 нелегални активности од субјекти од различни дејности кои узурпирале дел од заедничките простории. Узурпациите ги пријавивме до сите надлежни институции уште во декември 2019, вели Љупчо Ѓорески, сопственик на дуќан....

Continue reading

Тандем настава се одржува по предметот физичко во одделенска настава

Post Views: 10 Позитивни ефекти дава тандем наставата за физичко и здравствено образование во оснoвните училишта. Во наставниот процес е воведен предметот физичко воспитание кој го одржуваат предметни покрај одделенските наставници. Овај вид на настава започна од минатата година со измените во Законот за основно обрзование. Тандем наставата започна за првачињата, а од оваа година се применува и за второ одделенците. Одржувањето на овој вид часови во наставата ќе се одвива етапно, информира Ивана Махоска Шикалеска, директор на ОУ Григор Прличев. Од идната година ќе се воведува тандем...

Continue reading

Протерани единаесетмина албански државјани од земјава

Post Views: 3 Единаесетмина албански државјани денес се протерани од земјава. Биле затекнати во непосредна близина на струшката депонија која била и нивно привремени живеалишта. Тие се протерани од земјава по изречената мерка од Јавното обвинителство во соработка со полициската станица, а при тоа им е изречена мерка забрана за влез од една година во Македонија, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Единаесеттемина се затекнати на 25 -ти овој месец на депонијата каде имале изградено импровизирано живеалиште и работеле на собирање на пластичен отпад. Со претходна консултација...

Continue reading

Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Post Views: 14 По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња. „Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“. Министерството за транспорт...

Continue reading

Мајстор Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати

Post Views: 51 Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати во неговиот сервис за електроника. Паункоски во овој занает на електрониката е повеќе од 5 децении. Како што вели, припаѓа на последната генерација повозрасни охридски мајстори. Големо задоволство му причинува кога ќе поправи радио апарат како што се денес во неговиот сервис , приемникот Искра од педесетите години и Козара од шеесетите години од минатиот век. „Љубовта остана од тогаш до сега. Секогаш ми е мерак кога ќе ми донесат радио, да седнам да го направам, и ништо да нема во него ако треба ќе го склопам.Сатисфакцијата...

Continue reading

Хотелиерите бараат вработените во овој сектор да бидат имунизирани меѓу првите во земјава

Post Views: 0 Хотелиерите побараа преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот да се издејстува вработените во оваа индустрија да бидат вакцинирани меѓу првите во земјава. Покрај усогласувањето на сите протоколи и добивање сертификати кои се применуваат во Европската унија, за нив е примарно земјава да отпочне со имунизација. Лани домашната економија од туризмот забележа пад дури од 41 процент. Тоа е спас на претстојната туристичка сезона 2021, апелира Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ. „Едно од важните барања ќе е угостителските работници да бидат меѓу приоритетните...

Continue reading

Потребна е подобра законска регулатива за наградување на талентираните ученици

Post Views: 0 Недостасува мотивиција и поддршка на надарените и талентираните ученци во нашата земја, смета проф. д-р Љупчо Кеверески, претседател на Македонската асоцијација за надарени и талентирани ученици. Потребно е да се подобри постоечката законска регулатива во делот на наградување на талетираните ученици. Постои надостаток од техничка законска регулатива која заради некои недоследности може да предизвика несакани проблеми. „Законската регулатива треба на одреден начин да се иновира т.е. квалитативно да се подобри во смисла да се искористат исксуствата од другите држави како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top