Данче Наумоска создава бакарна бајка две децении


Твори  прекрасни уметнички ракотворби и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната  техника  цртање и боење на бакар. 

 |  Валентина Неловска  | 

Уметникот Данче Наумоска обработува бакар. Создава уметнички дела и накит од овој благороден метал. Нејзината бакарна бајка ја создава цели две децении. Почетоците и се поврзани со изработки на слики, икони, најразлични охридски мотиви, реплики на историски артефакти од нашето поднебје, сувенири. Во последно време прави и накит од бакар и персонализирани креации. Постојано се надградува во уметноста и создава нови уметнички креации и техники. Данче успешно чекори по стапките на татко и, познатиот охридски мајстор и бакрорезец Велјан Филчески, од кого ги наследила талентот, љубовта и тајните на занаетот. За себе вели, дека сака да експериментира, да истражува, да биде своја и препознатлива по своја уникатна уметност. Во рабтата комбинира бакар со бои и е препознатлива по техниката цртање и боење на бакар.

Кога се создава нешто ново со нетрпение се очекува резултатот. Јас користам бои, но ги користам со хемикалии. За да се добијат ефекти не може да се предвиди резултатот дали ќе е исто како претходно. Секогаш е различно и интересно. Можеби и затоа почнав да работам со бакарот бидејќи се добиваат многу интересни нијанси“.

Во разговорот со Данче Наумоска неодминливо е прашањето како се одрази пандемијата врз занаетчиството. Дали домашните посетители и охриѓани даваат поддршка на локалните занаетчиите? Данче, искрено, вели, годината што помина беше тешка за сите и за мене и за ракотворството. Преживуваме ама мора да издржиме, имаме надеж дека ќе се подобри ситуацијата, нема откажување. Има луѓе кои ја ценат и почитуваат рачната работа и ни даваат поддршка на локалните занаетчии. Данче во пресрет на Св. Валентин и Св. Трифун им возвраќа со пријатно изнендување на купувачите.

„Јас сакав да бидам поинаква во однос на попустите за овие два празници. Сакам да направам нешто ново. Утре е мој роденден и сакав по тој повод јас да им дадам попуст на купувачите, да е нешто поинакво и поинтересно, се надевам. Мора да се експериментира.“

Вредната и посветена жена на ументоста со бакар се адаптира и на трендовите кои ги носи современата информатичка технологија. Нејзиниот немирен и истражувачки дух се гледа и на ова поле. Купувачите се помалку ги има со физичко присуство во дуќанот,вели таа,па активно ги користи социјалните мрежи на кои ги споделува рачно изработените креации. Покрај тоа, нејзините уметничките дела ги продава и он лине. Како што вели иако овој начин одзема време од творечката работа мора да се истражуваат и применуваат новите можности кои ги носи новото време.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top