Post Views: 0
Почнаа да работат со клиенти занаетчиите од услужните дејности по пауза од скоро месец и половина. Иако, немаа забрана за работа поголемиот дел од козметичките и фризерските салони беа под клуч заради немање интерес на клиентите и стравот од вирусот. Со олабавување на мерките фризерите и козметичарите почнаа претпазливо со работа со клиенти. Заради природата на работата не можат да одржуваат растојание од 2 метри па преземаат строги мерки за максимална заштита од корона вирусот. За заштита на здравјето на клиентите и на сопственото носат маски и ракавици, а прават и...
Post Views: 1
Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена, но...
Post Views: 1
Во Струга, на 7 мај ќе се одржи древната струшка Еордија или литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец. Традицијата ќе продолжи и во вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, но во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, информира отец Васко Голабоски старешина на храмот Св. Георги во Струга.
„Литијата ќе биде составена од свештени лица, монаси и митропoлитот Тимотеј, која даде се од себе да ги запaзиме државните уредби и закони, а од друга страна да остане традицијата. Не e страшно што ќе биде...
Post Views: 1
Хотелиерите работат на подготвки на детални предлог мерки за работа по спласнување на епидемијата на коронавирусот. Мерките опфаќаат многу детали почнувајќи од влезот во хотелско-туристичките обејкти, па се до служење на храната. Предлозите ќе се однесуваат за заштита и на персоналот и на госите веднаш по олабување на забраните кои се применуваат во моментов, информира Крсте Блажески претседател на ХОТАМ. Има доста измени со кои ќе треба да се занимаваме во следните месеци и во сезоната со домашните гости по стивнување на епидемијата.
„Мислиме и на нашите вработени....
Post Views: 2
Дел од угостителските објекти од Охрид се борат за економски опстанок во оваа тешката еконоска ситуација преку он лајн нарачки и достава на храна и пијалоци до домовите на граѓаните. Во овие вонредни услови на пендемија кога под клуч се кафетериите, рестораните и остантите угостителски објекти имаат можност да доставуваат храна преку нарачки. Купувачите најчесто бараат брза храна, бургери и пици. Наумче Стојчески сопственикот на пицеријата Калабрија споделува дека во овие услови потрошувачката е намалена, не е како што треба, но тие функционираат и работат. Доставата...
Post Views: 1
Време е од годината кога земјоделските работи не чекаат, но вонредната состојба со ковид 19 се чувствува и во оваа сфера од животот. Се чувствува мал застој во проджабата на семенски материјал и препаратите за заштитата на коскеските овошки, напоменува агрономот Мирослав Трајчески. Земјоделците се крајно претпазливи во набавката и стравуваат за секој потрошен денар заради неивесниет времиња кои доаѓаат, додава Трајчески за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Апелира до сите кои се бават со производство на храна.
„Да работат во земјоделието во овие моменти...
Post Views: 1
Охридските советници заради Ковид 19 одржаа седница преку интернет конференциска врска и усвоија неклку предлог одлуки за помош на угостителскиот сектор и граѓаните во социјален ризик. Едногласно прифатија да се намали висината на закупнината за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година додека трае пандемијата со продoлжување на три месеци по завршување на кризата. Усвоија и предлог-oдлука за изменување на Одлуката за висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.
„Се иземаат од обврската за плаќање...
Post Views: 0
Пандемијата со Ковид 19 ги поремети сите вообичанеи нормални текови на општественото живеење и работа. Ги расипа голем број однапред планирани свадбени свечености на идните младенци, но и бизнис плановите на хотелите на охридско-струшкото крајбрежје. Хотелите се затворени, сите резереваци во месеците мај и јуни се откажани, а тоа важи и за свадбените свечености, информира Тоше Чочороски менаџер на хотел Силекс.
„Тие се презакажани за крај на јули , повеќето за септември и натака. Исто се случи и со конференциите некои ги откажаа целосн, а други ги презакажаа за септември....
Post Views: 2
Во општина Дебрца се забележуваат се поголем број на повратници од градовите, информира Зоран Ногачески градоначалник на оваа општина. Според изреката на старите „секое зло за добро“ во изминатиов месец се забележува дека во сите села луѓето се враќаат на татковите огништа, додава дека во ова време на пандемија луѓето од домашниот карантин по градовите бегаат во природа на село.
„Мислам дека искуствено од оваа ситуација која настана луѓето треба полека да се враќаат назад на родното огниште, да се вратат назад во природата. Можеби и ова е една таква порака која што ни...
Post Views: 1
Охриѓани ентузијасти почнаа со расчистување на диви депонии на крајбрежјето и во НП Галичица. Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ , пензионираниот полицаец Марјан Николоски, бродарот Ацо Сарафиноски и вработените од кафе бар Конект почнаа со кревање на исфрлен шут во населбата Даљан. Се собравме, набавивме возило за оваа цел, се најдоа луѓе кои помогнаа со гориво, со одржување на возилото и со регистрација додека во овие услови сите сме слободни да направиме нешто општо корисно, информира Устијаноски.
„Целта е да можеме онолку колку што можеме...
Post Views: 4
Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници.
„Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички...
Post Views: 5
Брачниот пар Иванка и Бруно Гигер во време на пандемијата полесно го поминуваат домашниот карантин благодарение на нивното хоби. Тие пронашле начин во пензиoнерските денови да не се чувствуваат неполезно благодарејќи на љубовта која ја имаат кон рачната изработка на украсни предмети за кои употребуваат школки. Раскажуваат дека кога има дозвола за движење на пензионерите над 67 години излегуваат само по потреба додека остатокот од времето го поминуваат внесени во работата.
„Изработуваме кутии за накит и клучеви, рамки за слики, мали пиленца. Не ни е досадно. Колку бргу...