• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските угостители се одржуваат во економскиот опстанок преку достави од нарачки на граѓани

Охридските угостители се одржуваат во економскиот опстанок преку достави од нарачки на граѓани

Купувачите  најчесто нарачуваат бургери и пици. Доставувачите во услови на корона вирусот  максимално се заштитуваат и не стравуваат од заразата со корона вирусот.

 |  Валентина Неловска  | 

Дел од угостителските објекти од Охрид се борат за економски опстанок во оваа тешката еконоска ситуација преку он лајн нарачки и достава на храна и пијалоци до домовите на граѓаните. Во овие вонредни услови на пендемија кога под клуч се кафетериите, рестораните и остантите угостителски објекти имаат можност да доставуваат храна преку нарачки. Купувачите најчесто бараат брза храна, бургери и пици. Наумче Стојчески сопственикот на пицеријата Калабрија споделува дека во овие услови потрошувачката е намалена, не е како што треба, но тие функционираат и работат. Доставата ја вршат до домовите на нарачателите бесплатно од 9 до 21 часот во градот. Најбарани им се пиците и донерите.

„Нормално дека ние од голема корист што работиме на овој начин во овој кризен период каде што нема движење. Ако немаше ваков начин ќе затворевме и ќе чекавме поубави денови. Сега засега функционираме вака до кога чекаме да ни кажат“, вели Стојчески.

Марко Богданоски од Irish Pub Five, вели дека во овие тешки времиња работат сите вработени од угостителскиот објект и доставуваат храна. Се трудат во овие тешкоти денови да и излезат во пресрет на барањата на купувачите. Охриѓани кои ги сакаат нивните бургери и даски си ги порачуваат и за време на вонредната состојба поради вирусот, кога најголем дел од денот се во своите домови, кажува Богданоски. Додава дека при достава се почитуваат препораките за заштита на здравјето и на муштериите и на вработените.

 

Нема страв. Си носиме опрема маски, ракавици се што е по протокол и тоа е тоа“.

Во моментов, угостителите нарачките ги примаат на телефон, преку интернет на фејсбук, вибер. Угостителите, впрочем, како и сите останати фирми, компании и граѓани очекуваат што поскоро да заврши пандемијата и нормално да профункционира работата и секојдневниот начин на живеење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top