• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Занаетчиите од услужните дејности преземаат мерки за максимална заштита од корона вирусот

Занаетчиите од услужните дејности преземаат мерки за максимална заштита од корона вирусот

Голем дел од нив се поблизок контакт со клинетите па се закажуваат термини на еден час, а после секој третман се врши темелна дезинфекција. Корисниците на услуги  се дисциплинирани и ги почитуваат воведените мерки за заштита,  велат фризерите и козметичарите.

 |  Валентина Неловска  | 

Почнаа да работат со клиенти занаетчиите од услужните дејности по пауза од скоро месец и половина. Иако, немаа забрана за работа поголемиот дел од козметичките и фризерските салони беа под клуч заради немање интерес на клиентите и стравот од вирусот. Со олабавување на мерките фризерите и козметичарите почнаа претпазливо со работа со клиенти. Заради природата на работата не можат да одржуваат растојание од 2 метри па преземаат строги мерки за максимална заштита од корона вирусот. За заштита на здравјето на клиентите и на сопственото носат маски и ракавици, а прават и задолжителна дезинфекција на просторијата и приборот за работа, вели Лејла Аџи Сезер, фризер и претседател на Собранието на охридската занаетчиска комора.

Муштериите сите ги почитуваат правилата, доаѓаат точно на време, ги почитуваат закажаните термини, не доаѓаат со придружба , се придржуваат според препораките. Помеѓу секој муштерија оставаме пола час и час зависно од работата. Дезинфицираме и ако некој не носи заштитна опрема ние имаме кај нас и маски и нараквици“.

Во сите охридски козметички салони се почитуваат и се применуваат засилени протоколи за заштита во работата, информира Сузана Наумовска сопственик на козметичкото студио Изида. Во нивниот салон за убавина покрај задолжителната дезинфекција на просториите , се стрилира приборот, се користи опрема за еднократна употреба , а заради близината со работа со клинетите се мери температура со безконтактен топломер и се користат заштитни визири. Се почитуваат препораките за работа и според големината на квадратурата на просториите.

Со санитарната инспекција имавме комуникација. Ни беше кажано на 20 квадрати можеме да имаме само еден клиент. Според тоа ние во одредени простории во нашиот салон може паралелно да работиме со двајца клиенти, но ние тоа не го практикуваме. Не смееме да имаме повеќе од еден клиент во чекална затоа ни треба добра организација. Нашата комуникација е добра со клиентите тие ги почитуваат закажаните терминие и услугите. Ако има вишок на услуги се презакажуваат за другиот ден. Се практикува по протокол еден вработен со еден клиент во една просторија за работа“.

Во моментов може да се користат само брзи и кратки услуги, информира Наумовска. Сеуште не работиме под полна пареа , стравот постои, а ние сме тука подготвени да дадеме целосна заштита и постепено да се вратиме на работните места. Од КС „Изида“ најавуваат дека ќе воведат нова услуга, како туристичка понуда, масажа на отворено на брод.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top