• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советниците преку скајп одржаа седница и донесоа мерки за помош на угостителскиот сектор и за граѓаните

Советниците преку скајп одржаа седница и донесоа мерки за помош на угостителскиот сектор и за граѓаните

 Едногласно изгласаа одлуки  за намалување на закупнината за поставување на урбана опрема и ослободување  од  плаќање на комунална такса за користење на просторот пред деловните простори. Ќе се согледа и финансиска можност на општината за субвенционирање на комуналните услуги за граѓаните во социјален ризик и бесплатно користење на општинската сала за склучување бракови. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските советници заради Ковид 19 одржаа седница преку интернет конференциска врска и усвоија неклку предлог одлуки за помош на угостителскиот сектор и граѓаните во социјален ризик. Едногласно прифатија да се намали висината на закупнината за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година додека трае пандемијата со продoлжување на три месеци по завршување на кризата. Усвоија и предлог-oдлука за изменување на Одлуката за висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.

Се иземаат од обврската за плаќање на комунална такса додека трае кризата и по три месеци од завршување во истиот период“, кажа Живка Ангелоска, претседателка на совет.

Градските советници усвоија и две мерки за помош наменета за граѓаните. Една од нив е бесплатно изнајмување на општинската сала за склучување на бракови, а другата е олеснување за давачките на граѓаните во социјален ризик.

„Зголемување на вкупниот износ на субвенционирање за трошоците за комунални услуги за граѓаните изложени на социјален ризик додека трае вонредната состоја и 3 месеци по нејзиното завршување“, кажа Ангелоска.

Мнозинството советници без поддршка на опозицијата ја усвоија и Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП„Нискоградба “.

Од дневен ред беше повлечена точката Предлог-годишна програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top