Post Views: 6
Лекарската Комора од земјава испраќа апел не само до граѓаните туку и до лекарите доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Загрижени се што нивни колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори. Порачуваат лекарите да ја исполнат својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика. Сè друго го руши нашиот улед како фела, стои...
Post Views: 2
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира директорот Сашо Точков .
„Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден поединечен...
Post Views: 2
Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите,...
Post Views: 7
Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето.
„Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај на пандемијата...
Post Views: 1
Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата.
„По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на спомениците...
Post Views: 5
Во Охрид од 5 јуни до денес се потврдени 11 нови случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се детектира каде се заразиле. Во Охрид од петокот до денес имаме 11 активни случаи, од кои еден е хоспитализиран,...
Post Views: 0
Во Охрид од 5 до 9 јуни се потврдени 9 активни случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ.
„Во Охрид од петокот до денес имаме 9 активни случаи, од кои 1 е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување. За поголема група од тестирани од вчера и денес очекуваме резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи, најмногу двајца...
Post Views: 0
9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни. Тие ја прекршиле забраната за сместување гости во време на пандемија со ковид 19. Контрoлите ги направиле 4 -ца инспектори од охридското одделение на пазарниот инспекторат и при тоа изрекле 2 кривични пријави и 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок. Само охридските инспектори овој викенд направиле 203 инспекциски надзори и утврдиле непочитување на владината одлука и Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Цветко Ристески, раководител на подрачното одделение при Државниот...
Post Views: 2
Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со забрана,...
Post Views: 0
Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот проект...
Post Views: 2
Не е дозволена работата на сместувачките капацитети, а со тоа и издавањето на апартмани и соби во хотелите и кај станоиздавачите од мал обем. Забраната е дел од мерките на Одлуката на влада за спречување на ширење на ковид 19, информира Цветко Ристески, ракводител на поддрачната единица на ДПИ.
„Забрането е работење на сите угостителски објекти во дел на сместувaње на гости без разлика дали се од голем или мал обем, дали се правни лица хотели или приватни апртмани, соби регистрирани во регистерот на општината. Согласно одлуката врз основа на Законот за заштита на населението...
Post Views: 2
Има многу заинтересирани родители кои очекуваат да се отворат градинките. И покрај пандемијата со Ковид 19 има потреба од згрижување на децата во објектите, информира Мери Рилкова, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Барања за запишување на децата во еден од објектите на градинката Јасна Ристеска постојано пристигаат, а според протоколите се ограничува бројот на децата во сите групи почнувајќи од јасли па се до останатите поголеми групи. Во сите објекти на градинката во 43-те групи може да се згрижат околу 450 деца, во групите за најмалите ќе се згрижуваат во просек...