Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19

 Од нив шест од  градот, еден  од Луково  и еден од Радовиш. 5 лица се поврзани од познат кластер кои учествувале на семејна прослава. Триесет лица од истиот кластер покажале негативни резултати. Над 80 лица се наоѓаат во домашна изолација. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира  директорот Сашо Точков .

Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден поединечен нов случај кој што допрва ќе се анализира како го добил вирусот, како се заразил“.

Од истиот кластер триесет лица покажале негативни резултати. Сите позитивни лица кои се потврдија денес беа претходно детектирани како контакти на позитивните и беа во изолација. Над 80 лица се наоѓаат во домашна изолација. Очекуваме денес да пристигнат и нови резултати од веќе тестираните лица.

„Сите се изолирани, немаат симптоми, се асимптоматски. Здравствената состојба им е добра. Засега позитивните лица се во добра состојба, но ќе се следат и понатака. Лицето кое е на болничко лекување во Битола е исто така во добра здравствена состојба“, вели Точков.

Денес, по епидемиолошки индикации се земени преку 20 брисеви во Охрид и на струшкиот пункт, информира Точков.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top