9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни

Пазарните инспектори викендов контролираа дали се почитува забраната за сместување на гости кај станоиздавачите од мал обем и протоколитe во уготситескиет објекти. Инспекторите утврдиле 9 прекршоци од направените  контроли. Повеќето гости кои овој викенд го преплавија Охрид биле сместени во сопствени станови.

 |  Валентина Неловска  | 

9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни. Тие ја прекршиле забраната за сместување гости во време на пандемија со ковид 19. Контрoлите ги направиле 4 -ца инспектори од охридското одделение на пазарниот инспекторат и при тоа изрекле 2 кривични пријави и 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок. Само охридските инспектори овој викенд направиле 203 инспекциски надзори и утврдиле непочитување на владината одлука и Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Цветко Ристески, раководител на подрачното одделение при Државниот пазарен инспекторат.

Ги контролиравме во време на полициски час по 16 часот. Во соработка со МВР. Имаше во еден објект дури 25 присутни лица“, посочува Ристески.

Повеќето гости кои овој викенд го преплавија Охрид биле сместени во сопствени станови. Гостите кои изминатиов викенд престојувале во градот повеќе се движеле на отворен простор. Немало големи посети по уготителските објекти, а и оние кои биле присутни ги почитувале уредбите, информира Ристески.

Во 99 проценти кај угостителите се почитуваа протоколите. Се држеше дистанца, се почитуваше проколот број 8 во поглед на места и седење, немаше во тој дел прекршувања“, вели Ристески.

Од 14 март до 7 јуни, од почетокот на прогласување на пандемијата, инспектoрите од подрачното одделение на Пазарниот инспекторат извршиле 3102 инспекциски надзори, а при тоа изрекле 7 кривични пријави, 5 затворени објекти од по 60 дена, 12 прекрошочни платни налози и 45 писмени опомени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top