Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода

Водата од Билјанини извори во моментов исправна, но граѓаните да внимаваат дали има поставено табла со забрана за пиење или не, бидејќи е со променлив квалитет. Испитувањата на површинската езерска вода в долж крајбржјето од Св.Наум до Радожда е од прва категорија, само кај Грашница анализите покажале дека водата е од втора категорија.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со забрана, препорачува Точков.

„Од Билјанини извори имавме земено два примероци на вода во месец февруари кои покажаа дека водата микробиолошки не е исправна. Имаше бактерија и не беше за пиење. Од март навака анализите земени месечно се со добар квалитет. Но има често варијации, посебно во месеците јули и агуст и граѓаните да се претпазливи ако користат од овие извори вода, да ја читаат таблата доколку е поставена дека не може да се користи“.

Екипите на ЦЈЗ во првата половина на месец мај зеле примероци за испитувања на површинските езерски води вдолж крајбрежјето од Св.Наум до Радожда. Само кај Грашница анализите покажале дека водата е од втора категорија која може да се користи за капење.

„Сите примероци на вода се со прва и втора класа. Ниеден примерок не беше со пониска класа, водата е безбедна за капење, спорт и рекреација. Од 32 примероци, 31 примерок бил со прва класа, а само еден со втора класа околу вливот на Коселска Река во вливот на Охридско Езеро“.

Во месец јуни ќе се испитува кавлитетот и на речните води. Ќе се земаат примероци на водите од реките кои се вливаат во Охридското езеро од Македонска страна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top