За пет дена во Охрид се регистрирани нови 9 активни случаи со ковид 19

 Од овие лица едно е на болничко лекување во Битола, останатите се на домашно лекување. Загрижува тоа што, од  четирите заболени лица од вчера,  само  два  позитивни случаи се поврзуваат  со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се дететектира каде се заразиле.  Во ЦЈЗ, во текот на вчерашниот и денешниот ден, земени се брисеви од  40 лица од Охрид и Струга.    

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид од 5 до 9 јуни се потврдени 9 активни случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ.

Во Охрид од петокот до денес имаме 9 активни случаи, од кои 1 е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување. За  поголема група од тестирани од вчера и денес очекуваме резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи, најмногу двајца случаи позитивни се поврзани, а останатите се поединечни случаи и не може да зборуваме во овој момент за кластер. Кога ќе се истражат сите контакти и ќе се зане статусот дали се позитивни, ќе имаме детални информации“, информира Точков.

Засега од ЦЈЗ Охрид нема одговор како тројца од новите 4 случаи го добиле вирусот, дали се поврзани со некој кластер и кои им биле контактите.

„Еден од овие 4 случаи е поврзан со претходен нов случај. Другите случаи ги добиле од движење од различни места, продавници, угостителски објекти, движење низ градот. Не можеме да најдеме од кое место. Има луѓе кои се асимптоматски носители, а не ги почитуваат мерките кои ги препорачуваме носење заштитна маска, избегнување контакти и држење дистанца од 2 метри. Избегнување собири и групирања, да се сведат контактите на минимум, хигиена и дезинфекција“, посочува Точков.

Преку 40 лица во текот на денов и вчера се тестирани од Охрид и Струга. За луѓето што се тестирани вчера до овој момент не се стигнати резулататите. Како ќе стигнуваат така ќе ги обработуваат и обајвуват, вели Точков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top