Post Views: 8
Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои...
Post Views: 8
На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија.
Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...
Post Views: 0
Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.
За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН....
Post Views: 1
Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско Кузман,...
Post Views: 2
Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу другите...
Post Views: 9
Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца,...
Post Views: 94
Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор.
Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...
Post Views: 9
Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман.
„Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи...
Post Views: 5
На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк...
Post Views: 6
За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...
Post Views: 6
Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува...
Post Views: 0
Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили.
Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите,...