За Плаошник, Самоилова и Енгелана се чекаат пари

За старт на активностите на археолошките локалитети Плаошник, Самоиолова тврдина и Енгелана, се чекаат пари.

 |  Валентина Неловска  | 
тврдина
tvrdina

Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман.

plaosnik„Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи од определената финансиската бројка. Финансиите за овие проекти не се дефинирани, а зависат од најавениот ребаланс кој сеуште не е донесен“, вели археологот Кузман.

Активностите на археолошките истражувања на Плаошник се очекува да продолжат кон крајот на месец мај и почетокот на јуни. Иако, проектот за обновување на Св. Климентовиот универзитет е пропратен со проблеми, кажува Кузман . „Со  Плаошник имаме проблеми со фирамата која го доби тендерот, но тоа не значи дека не можеме да продолжиме со нашите научно-истражувачки активности кои остана уште на неколку места“, појаснува Кузман.

Со помал интензитет се очекува продолжување на археолошките истражувања и на останатите два локалитети, Самоилова тврдина и Енгелена, кои исто така зависат од Ребалансот. Мораме да планираме и да се прилагодуваме на финансиските средства кои ќе ни бидат определени, објаснува археологот Паско Кузман.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top