Охрид привлечна дестинација за Велигден

За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи.

 |  Валентина Неловска  | 
плостад
plo[tad

За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во Охрид има од белграѓани, од Ниш, Лесковац и Врање. Велигден иако е семеен празник и луѓето се одлучуваат д аостанат дома, сепак има најави за организирана посетеност на туристи од Србија и Црна Гора“. Во охридските хотели има резервации на гости од соседните земји, но има и најави за престој на туристички групи од Јапонија и Кина. За Велигден на охридското крајбрежје ќе ги има во многу помал број грчките туристи, а се зголемува бројот на турските и германските гости. Цените се движат по 39 евра за двокреветна соба и 49 евра за еднокреветно сместување. Во повеќето хотели цените се однапред договорени со агенциите преку кои доаѓаат гостите.

parkВо приватното сместување пак, скоро и да нема празни соби. Цените на апартманите, кои гостите најчесто ги резервираат преку интернет, се движат од 25 евра па се до 55, зависно од категоријата. Приватните станоиздавачи нагласуваат дека станува збор за гости кои веќе престојувале во нивните апартмани. Апелираат до надлежните да се решат старите проблеми во туризмот за да дојдат нови гости. Станоиздавачите од мал обем од стариот дел на градот разочарани посочуваат на бројните проблеми, од кои велат дека кренале раце, а на кои со години укажуваат и никако да се решат. За добра туристичка сезона, и повеќе прилив на пари во касата на градот и субјектите кои живеат од туризмот, треба поголемо внимание. Тие бараат надминување на проблемите како што се недоволниот паркинг простор, недостатокот од јавни тоалети и посебниот сообраќаен режим во стариот дел на градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top