Post Views: 5
Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите.
Во зимскиот период најчести причини за појава...
Post Views: 11
Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19.
Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....
Post Views: 3
Охридските пчелари ги вознемири судска одлука на Основен Суд Охрид изречена против нивен колега со парична казна за каснување од пчели. Пчеларите го кренаа гласот против како што велат апсурдната судска одлука со која пчелар треба да му исплати оштета на охриѓанец и административни трошоци во висина од 15.000 евра. Револтирани пчеларите реагираат на висината на изречената казна и на третманот кон пчеларите. Бараат институциите да се изјаснат дали пчеларството треба да згасне во нашата земја. Пчеларот, Лазо Грозданов потсетува од какво значење се пчелите за...
Post Views: 8
217 активни случаи на ковид 19 во Охрид со вчерашните 18 и рекордните 26 пред тоа. Градот неколку денови бележи двоцифрени бројки заразени во извештаите од министерството за здравство. Повеќе не можеме да зборуваме за кластери тоа се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места. Некои знаат каде ја добиле инфекцијата, а некои не. Преку 200 лица во изминативе 6 дена добиле решенија за изолција како контакти на потврдени случаи. Од 24 до 30 октомври ќе имаме рекордна бројка на заразени во општина Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков од ЦЈЗ.
„Тоа ќе е бројка, до денес...
Post Views: 8
Од двете страни на дел од улицата 7-ми ноември има неупотребливи тротоари. Раскопани тротоари и велосипедска патека ја загрозуваат сообраќајната безбедност на жителите кои живеат и работат во овој дел од Охрид. На потегот од фабриката Братство до меѓуградската автобуска станица не е можно да се вози велосипед, а е отежнато и движењето на пешаците од ископаниот асфалт. Граѓаните бараат поправка на тротоарите и патеката за велосипеди.
Бобан Трпески, од Неформалната организација „Чист Охрид“, споделува дека состојбата на овој потег од улицата е алармантна. Алармот се...
Post Views: 0
Граѓани кои живеат на улицата „Абас Емин“ се жалат на ударна дупка на коловозот. Во рубриката „Ти си твојот град“ реагираа дека повеќе од две недели се соочуваат со потенцијална опасност во сообраќајот на дел од улица која беше асфалтирана пред три месеци. Возачите кои за кратко време здивнаа од постоечките ударни дупки на улицата на која ги кршеа своите возила сега се непријатно изненадени од нова појава. Се прашуваат дали станува збор за неквалитетно изведени градежни работи на улицата и стравуваат дека ќе се појави ваков проблем и на други места на улицата. Во меѓувреме...
Post Views: 6
Со книжевното дело „Охридски раскажувачи“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски започнаа годинешните Прличеви беседи. „Охридски раскажувачи“ е проект со кој ги возобновуваме охридските традиции и поети, имиња од охридската историја и раскажувачи, напомена Димитар Пандев, еден од авторите на делото.
Предмет на интерес ни беа охридските раскажувачи, по хронолошки принцип. Ни се отвори темата за Охридскиот заговор, сфативме дека охридската раскажувачка проза на современиот Македонски јазик започнува со Охридскиот заговор и продолжува со пред Илинденскиот период...
Post Views: 1
Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа завршната симулациска вежба за евакуација на ученици при земјотрес и пожар. Во изминатиот месец се вежбаа оперативните планови за спасување во сите образовни установи, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК која е организатор на показните вежби. Во најголем дел сите поминале без проблеми, ги задоволиле пропозициите предвидени согласно законот, но некои пропусти ќе треба да се корегираат во иднина.
Дел од училиштата треба да направат доработка на евакуациските планови заради нови реални ситуации кои ги имаат, на пр. при излез кој не...
Post Views: 10
Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник. Лилјана Ефтимовска, директорката на училиштето, го честита патронатот потсетувајќи ги присутните на неговата мисла, „Блазе си му на оној што со труд се извишува себе си“ и упати порака до учениците. Оваа мисла нека ви биде водилка низ животот, како што била на бројни претходни генерации. Знаењето што се стекнува во нашето училиште е клучна одредница за учениците, кажа Ефтимовска.
Само со труд, посветеност и работа ќе постигнете резултати кои ќе ве воведат во светот на возрасните и успешните луѓе. Секогаш...
Post Views: 9
Во Струга по 58-ми пат започна да се слави поезијата. Министерот за култура Хусни Исмаили ја прогласи за отворена поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која ќе се одржува до 26 август. Министерот Исмаили во своето обраќање им посака на присутните срдечно добредојде во родниот град на убавиот поетски збор.
„Да се зборува за поезијата е навистина тешка задача затоа што претставува обид преку пишаниот збор да го величиш зборот“, истакна при тоа министерот за култура Исмаили. Со цитат од Ролан де Пеневил се обиде да ја дефинира поезијата.
„ Поезијата се...
Post Views: 4
„Сега почнува дефицитот од педијатри, а ќе се соочуваме со пациенти кои нема да се следени соодветно“, напоменуваат искусните детски лекари од терцијалното здравство. Стравуваат дека на Детската Клиника ќе се испраќаат задоцнето, деца со неоткриени болести, посебно кога станува збор за ретките заболувања, напоменува детскиот нефролог, д-р Нора Абази Емини од Детска Клиника.
Педијатрите се многу важни во здравствениот систем и политиката за оваа специјализација кога требаше да не се кочи и да се размисли пред 10-тина години кога се правеа планови за специјализации....
Post Views: 10
Поголема продажба на туристичките аранжмани за новогодишните празници во охридските хотели се очекува кон крајот на овој месец. Новогодишната ноќ во Охрид ќе ја дочекаат домашни гости, но и туристи од регионот од Албанија, Косово, Србија и поединечни патувања од други дестинации, кои ќе ги исполнат сместувачките капацитети од 80 до 90 посто, најавува Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, иако хотелиерите стравуваат дека ќе останат со полупразни капцитетети.
Поради новиот сој на корона вирусот, состојбата во Европската унија и...