Поголема побарувачка за аранжмани во охридските хотели пред Новогодишните празници

Хотелските капацитети ќе бидат исполнети и до 90 проценти, оптимистички најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Оптимизмот не ги напушта и кога станува збор за туристичките резултати кои се очекуваат во претстојната 2022 година.   

 |  Валентина Неловска  | 

Поголема продажба на туристичките аранжмани за новогодишните празници во охридските хотели се очекува кон крајот на овој месец. Новогодишната ноќ во Охрид ќе ја дочекаат домашни гости, но и туристи од регионот од Албанија, Косово, Србија и поединечни патувања од други дестинации, кои ќе ги исполнат сместувачките капацитети од 80 до 90 посто, најавува Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, иако хотелиерите стравуваат дека ќе останат со полупразни капцитетети.

Поради новиот сој на корона вирусот, состојбата во Европската унија и редуцираните патувања и протоколите кои ги заострија рестриктивните мерки, мислам дека ќе донесат повеќе букирања во последните 10-тина дена пред Новогодишните празници и ќе има добра бројка на туристи. Можеби нема да има како во 2019 /2018 година, но ќе биде подобра од 2020 година – истакна Јаневски.

Хотелиерите во моментов нудат на продажба аранжмани само за ноќевање со појадок. Јанески не сака да ги коментира аранжманите што ги нудат хотелите, но оптимизмот не го напушта за успешен туристички старт во новата година. Побарувачката на аранжманите ги поткрепува со најавата за  промоција на Македонија како туристичка дестинација за Новогодишните празници.

Започнува вториот дел од онлајн рекламирањето во регионот, во Полска и Турција од примарните пазари од каде очекуваме  поголем број на туристи во првиот квартал од 2022 година. Оптимист сум – вели Јаневски.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат 2021 година да ја завршат со 2,2 милиони ноќевања, а во 2022 година се очекува да бидат реализирани 2,5 милиони ноќевања. За споредба во 2021 година со 2020 година во време на пандемијата има од 40 до 50 проценти зголемена  туристичка посетеност во земјава.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top