Педијатријата како медицинска гранка е на изумирање

Педијатријата како медицинска гранка е на изумирање. Недостасуваат матични педијатри и специјалисти на детските одделенија во општите болници, а дефицит ќе има и на Детската клиника. Врвни експерти и професори педијатри укажуваат дека во изминативе 10-тина години државата нема стратегија кои кадри недостасуваат и што мора да се специјализира.

 |  Валентина Неловска  | 

„Сега почнува дефицитот од педијатри, а ќе се соочуваме со пациенти кои нема да се следени соодветно“, напоменуваат искусните детски лекари од терцијалното здравство. Стравуваат дека на Детската Клиника ќе се испраќаат задоцнето, деца со неоткриени болести, посебно кога станува збор за ретките заболувања, напоменува детскиот нефролог, д-р Нора Абази Емини од Детска Клиника.

Педијатрите се многу важни во здравствениот систем  и политиката за оваа специјализација кога требаше да не се кочи и да се размисли пред 10-тина години кога се правеа планови за специјализации. За неколку години ќе се почувствува дефицитот и значењето на педијатрите во здравствениот система на државата.

Кога државата има стратегија за кадри нема недостаток од специјалисти. Овде се специјализира по желба на лекарите, а нема државна стратегија кои кадри недостасуваат и што мора да се специјализира. Во другите држави не ги прашуваат лекарите што сакаат туку се спцијализира за она што има дефицит – истакна Абази Емини.

Примарното здравсто во педијатријата е многу важно и е линк со терцијалното здравство, напоменува професор доктор Велибор Тасиќ од Детската климика. Педијатарот е тој што треба да ги упатува на понатамошно иследување малите пациенти на Детската клиника доколку за тоа налага  здравствената состојба, нагласува професор Тасиќ. Педијатријата како гранка е на изумирање, а детските специјалисти на Клиниките се на возраст од над 50-60 години.

На Клиниката за детски болести заминуваат во пензија 10 до 15 врвни експерти и професори. Ќе имаме ситуација која ќе е исклучително тешка за клиниката. Ние ќе гледаме да помогнеме ако не задржат ама не знам како ќе се реши тој проблем – вели Тасиќ. 

Децата му припаѓаат на педијатарот во лекувањето, а не на семејниот доктор. Фамилијарните доктори имаат недоволна едукација од 3 месеци, додека еден педијатар поминува 5 години во едукација во оваа област, напоменува доктор Тасиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top