Post Views: 1
Започнаа уписите во средните училишта во земјава кои ќе траат во следните три дена. Во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта во земјава. Од вкупниот број на слободни места во прва година средно образование, 19.602 места се во стручното образование во 604 паралелки, 9.261 место се во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 места во 35 паралелки се наменети за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.Годинава на средношколците им се нуди опција...
Post Views: 1
Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат.
„Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се пушти во...
Post Views: 2
Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.
„ За конкретната...
Post Views: 13
Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум. Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ.
„ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што е...
Post Views: 0
Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат од Локалната самоуправа. Од таму не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој простор за да се спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба...
Post Views: 4
Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан. Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески.
„ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески.
Градоначалникот најавува дека ...
Post Views: 8
Пожарот на улица Винковачка бр.75 го остави Диме Мaрмачоски без кров над главата. Пламените јазици на пожарот кој избил во дневната соба на едноспратната куќа му ја пеплоса целата покуќнина. Тој во куќата живеел со болен син, кој во моментов се наоѓа на лекување во болничка институција, а живее од семејната пензија на почината сопруга. Причина за пожарот е експлозија од телевизорот. До несреќата која во саботата го снајде Мaрмачоски дошло додека отишол да купи цигари во маалската продавница.
„ Отварање на влезната врата, влегов во кујната и ме удри пламен. Не знаев...
Post Views: 0
Издадено цеде со аудиозапис од животот на поетот и преродбеникот Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран.
„ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио форма...
Post Views: 4
Сонк го прекина шатрајкот во образованието. Претставници на Сонк и Мон седнаа на маса и постигнаа договор. Во начело се одложени казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, ќе се продолжат преговорите за висината на платите, има најави од септември да се поедностави Е-дневник, а поголеми плати за вработените во градинките ќе има врз основа на колективниот договор. Од Сонк се задоволни од договореното.
Но, со ставот на Сонк не се согласуваат членовите на регионалниот синдикален одбор од струшко-дебарскиот...
Post Views: 0
Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен. Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира дека утрово веднаш ...
Post Views: 2
Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.
„ Не дадоа подршка тоа според мене е жално. Сметавме дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата...
Post Views: 8
Позитивни примери на алтернативен туризам во нашиот регион има во неколку рурални средини како што се Елшани, Куратица, Дебрца и Вевчани, вели Лазар Неданоски, раководител на проектот кон алатернативниот туризма, од Македонската развојна фондација. Искуствата покажуваат дека услови и интерес за повисок степен на развој на алтернативниот туризам има ама луѓето се неодлучни да инвестираат. Луѓето често се во дилема при изборот на формата на алтернативниот туризма која ќе ја продаваат на пазарот, посочува Неданоски. Во тие одлуки многу е битна посветеноста, љубезноста...