Post Views: 14
Охрид го одбележува 24 април датумот на погибијата на војводата Христо Узунов. Оваа година се одбележуваат 110 години од неговата херојска смрт во Цер. Христо Узунов и комитите од неговата чета си ги одземаат животите и не се предваат живи на турискиот аскер. Денес во спомен куќата на Христо Узунов се одржа историски час за ликот и делото на војводата Узунов. Историчарот, професор Наташа Котлар Трајкова потсети на идеалите и борбатат на војвода кој бил дел од Македонската револуционерна организација чија девиза била Македонија на македонците. Христо Узунов е чедо...
Post Views: 5
Охрид инфраструктурно ќе се дотерува за престојната турисичка сеозна. Се асфалтираат улици, оние што се започнати ќе се довршуваат, хортикултурно ќе се уредуваат и осветлуваат површини низ градот, ќе се довршува плоштадот кај мини маркет, пешачката патека кај Студенчишта, ќе се градат спортски игралишта, ова беа дел од наведените проекти кои Локланата самоуправа во 2015 ги презема во интерес на туризмот. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција ги изнесе сите инфрастурктурни зафати и промотивни активности за престојната туристичка сезона.
„...
Post Views: 0
Привршуваат градежните зафати на двете локации во охридската чаршија за кои ТВМ објави дека нелегално се градат. Пред две недели директорката на Завод и Музеј за ТВМ потврди дека кај Алипашината џамија бесправно се гради. Денеска пак потврди дека и зафатите на другата локација, во дуќан во склоп на Амамот се нелегални. Паскали Бунташеска потенцира дека од страна на Завод и Музеј било направено се што е во нивна надлежност, односно ја известиле Управата за заштита на културното наследство која пак ја известила државната градежна инспекција. Денес, на прашањето зошто...
Post Views: 10
Вработените во Емо денес не се вратија на работа. Тие добија известување дека се упатуваат до 19 јуни на нов принуден одмор. За вработените што туку заврши принудниот три месечен одмор ,а новиот раководен тим на ЕМО ги пушта на нов принуден платен одмор. „Принудниот одмор во законските рамки од 3 месеци максимално заврши. Но со оглед дека нема обезбедено работа, ни работни услови за работниците, нема струја од 2014, нема греење побарано беше од наша страна да дадеме согласност за упатување на вработените на 70 посто , но синдикатот не е надележен да донесува одлуки...
Post Views: 0
Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво. Со приватната инвестиција на фирмата „Наватех“ од Охрид сега се овозможува технички преглед на бродската флота на Охридското езеро. Во бродарството имаше од поодамна недостаток од услови за технички преглед на бродовите со извлекување на суво, вели Горан Устијаноски капетан на Охридската капетанија.
„ Платформата е направена од приватни инвеститори и ние како капетанија ја поддржуваме нивната иницијатива. Со овој нивен чекор трајно се решава горливиот проблем кој досега го имавме. Направена е платформа,...
Post Views: 4
Охридската Специјална болница за кардиологија Св. Стефан одбележува значаен јубилеј 15 години интервентна кардиологија. Пред 15 години, на 21 јуни беше направена првата интервенција во оваа установа, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот “Кардиолошки Завод” значеше почеток на нова етапа во развојот на оваа установа, а беше резултат на несебичното залагање и огромниот ентузијазам на мала група на визионери,...
Post Views: 3
Охриѓанчиња имаат се повеќе потреба од корекција на говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени...
Post Views: 0
Во охридската чаршија на две локации се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите. Додава...
Post Views: 3
Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и се обезбедени средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг за неисплатена електрична енергија кон ЕВН Македонија.
„ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање на долгот кон ЕВН со посредство на Локалната...
Post Views: 2
Директорот на МЈП Проаква,Томе Паскалоски најави мерки со кои ќе се подобри финансиското работење на претпијатието. Паскалоски не е задоволен од поставеноста на фирмата како Меѓу општинско јавно претпријатие со струшката работна едница. Веќе презеле чекори за разрешување на ситуацијата која не оди во прилог на охридското ЈП Проаква.„ Ние сме МЈП Проаква, но со анекси во 2007 годин се дадени права за финсиско раководење и располагање со средствата на РЕ Струга за нивниот дел. Моментално и овластувања во менаџирање со човечките ресурси , може да вработува и отпушта без...
Post Views: 0
Цревните инфекции, салмонелозата, инфекциите предизвикани од E.coli бележат тренд на пораст во државава. Од Институтот за јавно здравје велат дека тоа се должи на неодамна воведената законска обврска за пријавување на случаите. Во текот на 2014 година за прв пат имавме и епидемија на листериоза, предизвикана со контаминирана храна, која беше проследена со висока стапка на смртност од 50%. Граѓаните од друга страна секојдневно се бомбардирани со кампањи кои препорачуваат здрава храна.
Се обидовме да дознаеме како охриѓани размислуваат за квалитетот на храната која...
Post Views: 10
Таксистите за да возат ќе мора да полгаат и да добијат сертификат за работа. За да дојдат пак, до лиценца ќе мора да се подготвуваат и да знаат „Колку е висока Самоиловата тврдина“, Кои фестивали на песни и игри се одржуваат во Охрид, или Кога е откриена Златната маска, ова се само дел од 300 прашања во прирачникот со кој такси возачите ќе стекнуваат сертификат за работа. Поголем број таксисти имаат забелешки на прашањата од прирачникот, но и за полагањето на англиски јазик како и на цените кои треба да ги издвојат од буџетот, за да ги платат и тоа 5000 денари...