Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво

Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво.

 |  Валентина Неловска  | 
ponton
ponton

Изградена потонска платформа за извлекување на бродови на суво. Со приватната инвестиција на фирмата „Наватех“ од Охрид сега се овозможува технички преглед на бродската флота на Охридското езеро. Во  бродарството имаше од поодамна недостаток од  услови за технички преглед на бродовите со извлекување на суво, вели Горан Устијаноски капетан на Охридската капетанија.

плонтон

„ Платформата е направена од приватни инвеститори и ние како капетанија ја поддржуваме нивната иницијатива. Со овој нивен чекор трајно се решава горливиот проблем кој досега го имавме. Направена е платформа, потонска, димензионирана за да може да подигнува доволна тежина на оние бродови кои ги имаме, а и во иднина доколку се појават поголеми бродови“, напоменува капетанот Устијаноски.

Капетанот појаснува дека платформата  е безбедна за останатите учесници во пловидбата, а истото  се однесува  и од технички и еколошки аспект. Во моментов платформата е поставена на градското пристаниште, појаснува капетанот  Устијаноски.

 

понтон

„Локацијата во моментов не е определена но може да биде употребена на било кое место каде што има доволна длабочина, а за чување не се јавува проблем се потпоува на одредена длабочина каде што ќе стои се до следната употреба“, посочува Устијаноски .

Платформата работи на принцип на потопување под самиот брод, потоа со негово вклинување и   испумпување на водата, заедно со понтонот се подига и бродот над водената  површина. Техничкиот преглед и механичарските интервенции на тој начин ќе се прават во прилагоден простор.
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top