Охриѓани свесни за квалитетот на храната која ја конзумираат

Охриѓани свесни за квалитетот на  храната која  ја конзумираат.

 |  Валентина Неловска  | 
pazar
pazar

hranaЦревните инфекции, салмонелозата, инфекциите предизвикани од E.coli бележат тренд на пораст во државава. Од Институтот за јавно здравје велат дека тоа се должи на неодамна воведената законска обврска за пријавување на случаите. Во текот на 2014 година за прв пат имавме и епидемија на листериоза, предизвикана со контаминирана храна, која беше проследена со висока стапка на смртност од 50%. Граѓаните од друга страна секојдневно се  бомбардирани со кампањи кои препорачуваат здрава храна.

Се обидовме да дознаеме како  охриѓани размислуваат за квалитетот на храната која ја конзумираат секојдневно на нивната трпеза.
„Се се прска и тешко дека јадеме здрава храна.Квалитетна храна имаат  само оние кои ја произведуваат во своите бавчи“, велат случајно анкетираните сограѓани.  

morkovГраѓаните, пак кои при купувањето намирници се сретнале со неисправна храна тие неправилности може да ги пријавуваат во ОП. Мината година, охриѓани  до оваа организација за заштита на потрошувачките права поднесле околу 70 претставки за продажба на храна со сомнителен квалитет. Од 258 претставки во 2013 година, 72  се однесувале на забалешки за храната, а во просек ист бил бројот на пријави и во 2014  година, информира Вангел Спироски  претседателот на охридската ОП.

„ Затекнатa е храна во маркети со поминат рок на употреба или со неисправна декларација или со неисправно пакување. Исто така е приајевно дека се продава месо рефус без потекло, рок на траење и без никаква ознака, вели Спироски.
Тој напоменува дека соработуваат со институциите. За конкретни слуачи веднаш се интервенирало.

bezbednost na hranaДо Агенцијата за храна и ветеринарство  на Р. Македoнија се обративме  со прашање колку е безбедна храната која патува од мaркетите и пазарите до масата на конзументите. За жал одговор не добивме. Портпролот на оваа Агенција кратко не упати на излагањето на директорот на Агенцијата за храна. Во него меѓу другото стои дека Агенцијата за храна и ветеринарство е задоволна од институционалната соработка  со  сите ресорни министретсва, факултети и  Институтот за јавно здравје. Многу пати досега се потврдило дека соработката е на исклучително високо и на професионално ниво. Соработката е клучна  секогаш кога  е потребно преземање на конкретни мерки  кога е загрозена или нарушена безбедноста на храната, на водата за пиење и кога постои реална опасност за здравјето на луѓето. 

Денес е Светскиот ден  на здравјето 7-ми април, а годинашното мото е „ Од фарма до чинија, храната да биде безбедна“. Целта е да се подигне свесноста на луѓето за опасностите кои демнат од конзумирање загадена, неисправна и контаминирана храна и вода. Два милиони луѓе годишно во светот умираат како последица на болести поврзани со храна и вода.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top