Вработените во Емо на нов принуден платен одмор

Вработените во  Емо  повторно на принуден платен одмор.

 |  Валентина Неловска  | 
emo
emo

Вработените во Емо денес не се вратија на работа. Тие добија известување дека се упатуваат до 19 јуни на нов  принуден одмор. За вработените што туку заврши принудниот три месечен одмор ,а новиот раководен тим на ЕМО ги пушта на нов принуден платен одмор.  
emo n
 „Принудниот одмор во законските рамки од 3 месеци максимално  заврши. Но со оглед дека нема обезбедено работа, ни работни услови за работниците, нема струја од 2014, нема греење побарано беше од наша страна да дадеме согласност за упатување на вработените на 70 посто , но синдикатот не е надележен да донесува одлуки во поглед на упатување на работниците на 70 посто“, вели Крстаноски првиот синдикалец на АД Емо доел  производство.
 
Ние како синдикат имаме обврска да ги штитиме правата на вработените и да го бараме она што законски ни следува, додава Крстаноски. Тие повторно бараат да им се исплатат заоснатите  над 40 плати, придонесите за здравство и пензиски стаж, како и решавање на нивниот  работен статус.
Драган Цветкоски, претседателот на Сојузот на синдикати од Охрид ,  дава поддршка на вработените во ЕМО во однос на нивните синдикални барања.  Смета дека со одлуката за продолжување на принудниот одмор за вработените во ЕмО не се скратува финансиската агонија на емовци и се прекршуваат сите законски права на работниците. Потсетува на одредбите од законот за стечај.  
emo n„Ако определена фирма 45 дена е неспособна за плаќање на плати и придонеси кон вработените и обврските кон останатите  институции Законска обврска на раководството е да поведе постапка за стечај и ликвидација. Јас како синдикалец не се согласувам со стечај , но ако се во ваква состојба подобро е да се реши проблемот на вработените. Тие се третираат како да се во работен однос , а во пракса не се, здравствено не се осигурани“,  вели Цветкоски.

Цветкоски апелира што поскоро да се преземат мерки за решавање на работниот статус на вработените во ЕМО. Во меѓу време синдикатот на АД „Емо“ , Доел производство најавува нови средби со охридските пратеници, ресорните министри  и  охридскиот градоначалник за да се најде решение за нивната  долготрајна агонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top