Post Views: 0
Изгаснат пожар во атарот на селото Опеница кој зафати борова шума на површина од 3 до 4 хектари. Пожарот бил пријавен синоќа во 20 часот од локалното население, а екипите на ЈП Национални шуми самостојно го изгаснале утрово до 9 часот, информира Славчо Голабоски, директор на охридската поддружница. Причина за појава на шумските пожари е човечкиот фактор, напоменува Голабоски.
„Голем дел од пожарите се од невнимание и несовесност на граѓаните, од оставени догорци или отпушоци на цигари кои од високите температури предизвикуваат пожари. Има пожари и кои намерно се подметнуваат...
Post Views: 1
Опожарен стан на четврти спрат на седмокатницата на Булевар Туристичка на влезот од Охрид, на пладне, предизвика вистинска драма. Пожарот се закануваше да се прошири и на соседните станови, а во вертикала од прбвиот влез од зградта се ширеше густ чад. Станарите од 40 станови од зградата видно беа испаничени и уплашени од експлозија и чад. Слушнале жена со две деца како бараат помош.
На станарите прв на помош им дошол соседот Мугни Шабани Џими како што вели со своите блиски роднини. На четврит спрат каде што избил пожарот забележале мајка и две деца останале заробени...
Post Views: 4
Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата.
Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат плата....
Post Views: 4
10 члената театарска екипа од професионалниот театар од Габрово гостува вечерва на Охридско лето и ќе ја играат преставата Јованка Орлеанка. Главната улога ја донесува Гергана Змијчарова, а режијата е доверена на најдобриот млад, бугарски режисер Петринел Гочев. Ова е приказна за два света на една девојка која никого нема да остави рамнодушен. Како театарска екипа ние работиме и живееме заедно, појаснува режисерот Петринел Гочев.
„ Ние во моментов создаваме претстава која е за тука и нема да се случи на друго место. Ќе видите уникатна претстава, а на друго...
Post Views: 0
Уличното осветлување затајува во неклку градски и пригардски населби.Жители од улиците Дејан Војвода, Карпош Војвода, Подмоље, Елешец, Долно Лакочереј и Лагадин се жалат на мрак во нивните населби. Поплаки и барања за интервенција за поправка на уличното осветлување стигнале и до Секторот за комунален развој и сообраќај. Од таму уверуваат дека екипи од нивното одделение и од јавното приватно партнерство се веќе на терен и работат на одстранување на проблемите.
„ Станува збор за дефекти со напојувањето и со дотур на електрична енергија.Но и за тековни работни активности, ...
Post Views: 27
Годинешната награда Живко Чинго оди во рацете на авторот за расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ под шифра Куќа. Вака одлучи стручното жири, во состав од охридските книжевници, Смиле Наумоски, Милчо Јованоски и Тоде Илиески . До членовите на Комсијата за избор на најдобар расказ пристигнале 73 наслови. Тие имале тешка и одговорна задача од пристигнатите раскази да го изберат најдобриот, па во потесен избор селектирале 5 раскази, информира книжевникот Смиле Наумоски. Претседателот на комисијата Смилевски појаснува дека расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ се...
Post Views: 0
Сликарот Мирослав Масин пред љубителите на уметноста се претсавува во нов медиум. Овој пат со изложбата под наслов „ Од Кујната на Масин“ донесува триесетина прекрасни уметнички дела, чинии во керамика. Секој медуим е нов предизвик, а јас сакам да експериментирам и ова навистина ми се допадна, кажува Масин за искуството од најновото творештво.
„ Оддамна се спремам да правам керамика, овој пат се споија коцките. Бев во Кичево, видов дека е интересно, глината е убава, земја, иако јас не ги вртев чиниите. Но, решив да ги направам, така и на време и точно пред три...
Post Views: 3
Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката на 6-те објектите беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на Плаошник посебно интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј , Тања Паскали Бунташеска.
Таа при тоа кажа дека се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско.
„ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките...
Post Views: 1
Врвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години на антички театар Дуке Бојаџиев ќе настапи со различна екипа составена од квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости, Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина Блажевска,...
Post Views: 0
Охриѓани и гостите можат да вкусат и купат квалитетен планински,охридски мед. На пет штанда пчеларите од околината на Охрид ги изложија медот и производите од мед. Презентацијата на медот предизвика интерес кај посетителите кои сакаа да вкусат и да купат мед.
Организатор на Деновите на медот е Здружението на пчелари од Охрид. Тоа брои околу 40 активни пчелари, кои се бават со пчеларење, напоменува претседателот на „Задружението на пчелари Охрид“, Тони Јосифоски. За жал има случаи кога помладите се приклучуваат кон пчеларењето , но брзо се откажуваат додава Јосифоски....
Post Views: 10
Мајчиното млеко е едниствената и незаменлива природна исхрана за новоорднечето во првите 6 месеци од животот. Предуслов за успешно доење е решеноста на мајката да го дои, да е упорна и истрајна, а е важна и поддршката од семејството и околината вели педијаторт д-р Зоре Димитриеска началник од советувалиштето за деца и млади. Родилките во Охрид го следат мајчиниот инстинкт. „ Кај нас во Охрид и околината нема проблем мајката да не дои. На општо задоволство мајките сакаат да ги дојат новороденчињата. Се информираат за предностите на доењето се трудат да дојат и да научат...
Post Views: 2
Голем број охриѓани бучавата која ги остава без мир и сон ја приајвувле во полиција. Пријавувале бучав аи од ценатрлното градско подрчаје и од периферните делови , информира портапролто на СВР Охрид Стефан Димоски. СВР Охрид спроведувале контроли и самостојно, но и при асистенција на контроли со наделжните служби при Локалната самоуправа, укажува Димоски.
„ Во изминатиов период имавме 7 акции. Контролите беа самостојни , но и со инспекторските служби на ЛС. При тоа во 3 објекти се коснатирани надминувања на лимитот з агласна мзуика и аналогно на тоа се поденесени...