„ Од Кујната на Масин“ изложба на чинии од керамика

 „ Од Кујната на Масин“ изложба на чинии од керамика.

 |  Валентина Неловска  | 
cinii

Сликарот Мирослав Масин  пред љубителите на уметноста се претсавува во нов медиум. Овој пат со изложбата под наслов „ Од Кујната на Масин“  донесува триесетина прекрасни уметнички дела, чинии во керамика. Секој медуим е нов предизвик, а јас сакам да експериментирам и ова навистина ми се допадна, кажува Масин за искуството од најновото творештво.
cinii

„ Оддамна се спремам да правам керамика, овој пат се споија  коцките.    Бев во Кичево, видов дека е интересно, глината е убава, земја, иако јас не ги вртев чиниите. Но, решив да ги направам, така и на време и точно  пред три дена ги завршив“, вели Масин.

Во Куќата на Уранија се изложени триесетина чинии од керамика насликани со мотиви од пастрмка. Промоторот на изложбата, раководителот на битолската ликовна колонија „Де Ниро“, Драги Филевски, истакна дека за вака убаво да бидат насликани  чиниите уметникот треба да има зад себе минат  труд.  

 

cinii

„ Неговиот  реализам  во портретите, во сите негови изложби и  медиуми во кој твореше, Масин ја даде целата своја енергија, на крај дојдоа  и овие прекрасни чинии. Не случајно кажав дека ги работел и Пикасо , а Мирослав македонскиот Модиљани , Пикасо и Модиљани биле блсики, а од тука и таа поврзаност, е омилен и во Битола и во Охрид, кажа Филевски.  

Изложбата во Охрид ќе биде отворена до 18ти август а потоа ќе патува низ Македонија и во Словенија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top