Post Views: 1
Повеќето земјоделци и овоштари не се едуцирани како да ги третираат производите и да не ја загадуваат околината. Лазо Анѓелоски од селото Горно Лакочереј, пензионер, чие хоби е овоштарството, е еден од 15 земјодлеци кои присутвуваа на едукативната работилница за примена на еколошки практитки во производството на храна. Овоштарот напоменува дека едукативните средби со еколозите и стручните лица се корисни за нив и може многу да научат. Јас обрнувам внимание на заштита на еколошката средина и не форсирам употреба на сите препарати кои се препорачуваат, вели Анѓелоски.
„...
Post Views: 2
Охриѓани на отворените денови со катастар и понатака најмногу се интресираат за проблемите настанати од авионското снимање. Минатата година во катастарот се обратиле 157 граѓани ,а оваа година на првиот ден имало 42 -ца граѓани кои побарале некакво решение од катастарот за овој проблем. Славче Трпески , директор на Агенцијата за катастар на недвижности тврди дека за да им се олесни постапкаата на граѓаните со овој проблем донесени се законски измени.
„Оваа пролет направени се измени на Законот за недвижности каде е овозможено без геодетски елаборат со изјави...
Post Views: 14
На територијата на Охрид во најголем дел речните корита и канали се исчистени во пресрет на сезоната на дождови. 20 проценти од речните канали треба доправа да се чистат. Од Локалната тврдат дека она што е во нивна надлежност е сработено. Се повикуваат на Законот за комунални дејности зошто Коселска река не е досега целосно исчистена.
„Што се однесува до Коселска река оваа населба не е во Генералниот урбанистички план па согласно Законот за комунални дејности треба да се напомене дека надлежностите за речните корита кои не им припаѓаат на општините ја има АД Водостопанство...
Post Views: 4
Кадичка и кофа поставени врз најлон е сликата која ја затекнавме на главниот влез од централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Дел од кровот во штотуку реконструираниoт објект прокиснува јавуваат и родители чии деца се згрижени во овој објект. ТВМ за коментар ја побара директорката на градинката. Директорката Роза Костеска, иако се договоривме за средба, не се одважи да излезе пред камерата и да каже што ќе се преземе за прокиснувањето на кровот. Врaботените не ни дозволија да снимиме внатре во објектот.
Родителите се загрижени како тоа Надзорниот...
Post Views: 2
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на подрачјето на Охрид и Дебрца нема застој на речните корита и канали од дождот кој врне вчера и денес. Прашавме дали постојат критични точки на некои речни канали и дали се исчистени сите досега лоцирани проблематични места. Од ЦУК напоменуваат дека сето тоа е во надележност на Лoкалната самоуправа.
„Со досега направените проценки овие слаби места и точки се детектирани и останува Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да ги рсчисти за да има поголем протек и да има безбедна зимска и рано пролетна сезона“...
Post Views: 0
Охрид го одбележа 11 -ти Октомври и 75 годишнината од почетокот на македонското народно востание. Во големата сала на општината се одржа свечена академија на која беа присутни голем број граѓани , членови на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, и претставници на локалната самоуправа. Со почит се сеќаваме на сите борци и херои, синови и ќерки на нашата татковина кои учествуваа во борбата за слободна и независна Македонија, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Благодарение на нивната пожртвуваност во НОБ и антифашистичката револуција денес ја живееме слободата...
Post Views: 3
ЕВН Македонија не е виновна што охриѓани и стружани останаа без вода во текот на вчерашниот ден. ЕВН Македонија само го спроведе член 45 од Законот за енергетика, во кој е наведено дека носителот на лиценца за вршење регулирана енергетска дејност може да престане да ја исполнува обврската за обезбедувањена јавната услуга кон поединец корисник на јавната услуга, во случај кога корисникот не ги исполнува своите обврски утврдени со закон или други прописи, како и обврските од договорот за снабдување.
ЕВН Македонија уредно и навреме ги доставува: предупредувањата и писмата...
Post Views: 1
Постапката на ЕВН Македонија, исклучувањето на струјата на пумпните станици со што Охрид и Струга неколку часови останаа без вода, Директорот на МЈП Проаква, Томе Паскалоски ја квалификува како кривично дело. Компанијата со својата постапка за која предходно не го информирале јавното претпријатие го загрозило нормалното функционирање на градот и неговите витални објекти болници, училишта, градинки, додава Паскалоски. Граѓаните не беа информирани за што станува збор и беа збунети што се случува. Евн Македонија прекинот со електрична енергија на пумпните станици на МЈП...
Post Views: 4
Првачињата од ОУ „Братство Единство“, од населбата Лескајца, добија флуоросцентни елечиња за заштита во сообраќајот. Поделени се 135 елечиња на сите првачиња од македонските, албанските и турските наставни јазици. Реализацијата на овој проект, кој има за цел поголема безбедност на најмалите охриѓанчиња, е на иницијатива од Лајонс клуб Лихнидос Охрид. Посакуваме нашата земја да го следи примерот на развиените западно европски земји кои го применуваат овој вид на заштита, информира Горан Момироски од Лајонс клуб Лихнидос Охрид.
„Намерата ни еден ден да биде како...
Post Views: 8
Невoзможно е да се зборува за развиен туризам без квалитетен кадар во хотелите и угостителските објекти. За да се направи вистинскиот спој на потребниот стручен кадар и потребите на пазарот на трудот во Охрид започна обука за комуникациски вештини на млади невработени лица до 29 години. 40- тина млади луѓе со завршено стручно средно и високо образование се пријавија за да научат како да бидат подготвени за работа во овој стопански сектор,информира Билјана Велевска од Самер импулс компанијата ангажирана од швајцарската влада за имплементирање на овој проект.
„Се...
Post Views: 4
Мусака, гравче тавче, полнети пиперки, пилешки прсти, компир , ориз и риба се почесто може да се купат како подготвени јадења во охридските поголеми маркети. Свежо подготвената храна ја купуваат различни категории потрошувачи, мажи и жени, млади и повозрасни, велат од охридскиот маркет Миса. Брзиот и современ начин на живот им остава се помалку време на вработените жени да поминуваат подолго време во кујна. Па готовата храна од маркетите често се наоѓа на семејната трпеза по мошне пристапни цени.
„ Сега засега се е барано. Но, зависи од периодот на годишните времиња...
Post Views: 10
Внимателно се следи почитувањето на целосната забрана за движење низ шумите во НУНП „Галичица“. Ренџерите се на терен со возила и прават се што е во нивна моќ за да се спречат евентуални шумски пожари во нивниот парк. Се трудиме да ја реализираме одлуката донесена од Управувачкиот Комитет за справување и координирање со кризи на ниво на земјава, која стапи на сила деновиве, за да се заштитат шумите, информира Наумче Новески раководител за заштита на шумите во НП Галичица.
Имаме 24 часа луѓе горе, работат во смени и го покриваат целиот реон. Исто така, апелираме...