• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Млади невработени лица од Охрид добиваат кариерно советување во хотелско угостителската дејност

Млади невработени лица од Охрид добиваат кариерно советување во хотелско угостителската дејност

Млади невработени лица од Охрид  добиваат кариерно советување во хотелско угостителската  дејност.

 |  Валентина Неловска  | 

Невoзможно е да се зборува за развиен  туризам без квалитетен кадар во хотелите и угостителските објекти.  За да се направи вистинскиот  спој на потребниот стручен кадар и потребите на пазарот на трудот во Охрид започна обука за комуникациски вештини на млади невработени лица до 29 години.  40- тина  млади луѓе со завршено стручно средно и високо образование се пријавија за да научат како да бидат подготвени за работа во овој стопански сектор,информира Билјана Велевска од Самер импулс компанијата ангажирана од швајцарската влада за имплементирање на овој проект.

„Се соочуваме не само во  охридско – струшкиот регион, туку генерално во туристичките  региони со дефицит на кадар и заинтерсирани луѓе во оваа област за работа. Работодоавачите имаат проблем со дефиците, а  има млади луѓе кои имаат технички вештини ама недостасуваат меки вештини. Швајцарскиот проект не ангажира да ги споиме овие две работи и веруваме ќе има поместување, а од досегашното искуство“, информира Велевска.

Марија Коваческа, од Асоцијацијата за развој на кариера на Македонија, напоменува дека преку нивната асоцијација  и Швајцарскиот проект е да им се доближат на младите преку кариено советување. Невработените лица кои имаат немера да напредуваат и градат вештини  ќе научат како  да влезат на пазарот на трудот. Добиваат техники како да се претстават и пред работодавачите и како да ги откријат сопствените  афинитети, вели Коваческа.
„Ќе им ги доближиме целта на обуката и начините на работа и како ќе се одвиват обукатат и икратка воведна сесија за кариерно советување. Од 40 – тина млади луѓе од Охрид и Струга по кариерното советување се правци регрутација и ќе с иберат ученсици кои ќе продолжат понатаму .Планот е 30 -тина учесници да ја ислушаат обуката  преку IME (Incrizing marketing employability), напоменува Коваческа.

Следува и втората фаза на проектот во срединаат на октомври за обука на менаџери. Последното истрaжување  заедно со IME e дека и вештините на менаџерскиот кадар не е на соодветното ниво. Во истиот проект и по истата методологија од Високата школа и Академија од Луцерн, Швајцарија,  ќе се обучуваат и менаџерите во постоечките хотели кои се опфатени со проектот.
Покрај, Охрид и  Струга, швајцарскиот проект ги вклучува и Крушево и Маврово,  како туристички региони на кои им е потребен соодветен развој. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top