• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЕВН Македонија :Игнорантскиот однос на МЈП Проаква ги остави граѓаните без вода за пиење

ЕВН Македонија :Игнорантскиот однос на МЈП Проаква ги остави граѓаните без вода за пиење

ЕВН Македонија: Игнорантскиот однос на МЈП Проаква ги остави граѓаните без вода за пиење.

 |  Валентина Неловска  | 

ЕВН Македонија не е виновна што охриѓани и стружани останаа без вода во текот на вчерашниот ден. ЕВН Македонија само го спроведе член 45 од Законот за енергетика, во кој е наведено дека носителот на лиценца за вршење регулирана енергетска дејност може да престане да ја исполнува обврската за обезбедувањена јавната услуга кон поединец корисник на јавната услуга, во случај кога корисникот не ги исполнува своите обврски утврдени со закон или други прописи, како и обврските од договорот за снабдување.

ЕВН Македонија уредно и навреме ги доставува: предупредувањата и писмата за надминување на проблемот кои пак Меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква Струга буквално ги игнорира со години. За вчерашното исклучување предупредени се пред еден месец. Истите дописи се доставен до сите релевантни институции. Првиот допис на 9 ти септември, вториот на 28 септември и уште десетици телефонски разговори за да се најде решение на проблемот. Игнорантскиот однос на Меѓуопштинското јавно претпријатие на овие дописи ги остави граѓаните без вода.

Случајот чека судска разрешница, иако ЕВН во интерес на сите е отворена за изнаоѓање на решение на случајот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top