Чистењето на Коселска река не е под надлежност на оптшина Охрид

Чистењето на Коселска река не е под надлежност на општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

На територијата на Охрид  во најголем дел речните корита и канали се исчистени во пресрет на сезоната на дождови. 20 проценти од речните канали треба доправа да се чистат. Од Локалната тврдат дека она што е во нивна надлежност е сработено. Се повикуваат на Законот за комунални дејности зошто Коселска река не е досега  целосно исчистена.

„Што се однесува до Коселска река оваа населба не  е во Генералниот урбанистички план па согласно Законот за комунални дејности треба да се напомене дека надлежностите за речните корита кои не им припаѓаат на општините ја има АД Водостопанство на РМ. Да кажам дека службите на Охрид заедно со ЈП Комунаец , во целост го  имаат исчистено реченото корито на Коселска река но се чека решение за кастрење на дрва, корења и стебла по должината на реката.Тоа решение го издава АД Водостопанство кое ги има ингеренциите, онаму каде што нема Генерален урабанистички план и се под државна капа“, информира Љупчо Танески портпарол на секторот за комунални дејности и улици.    

Коритото на реката Грашница е исто така 80% исчистено, напоменува Танески. Треба да се подигне само исчистениот шут и смет изваден од текот на речното корито. 20 проценти преостануваат да се исчистат и да се подигне исто така извадениот шут и комунален отпад фрлан од несовесните граѓани во речното корито каде што се спојуваат  Велгошка река и Сушица.

„ Повеќе од 80 проценти од каналите се исчистени. Најголем проблем се каналите на крајот од улица Стив Наумов, кон Винарска визба, канали кои се во Урбана заедница Воска, Далјан. Тоа се мали канали, но ги има повеќе на број. Неколку канали се и на улицата Железничка кај Дебело поле, а неколку речни канали има кај Рача“, Танески ги набројува каналите кои преостанува да се исчистат.

Танески напоменува дека акцијата за чистење на речните канали општина Охрид ја реализира заедно со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и АД Водостопанство на РМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top