Коритото на реката Коселска сеуште не е исчистено

Коритото на реката Коселска сеуште не е исчистено.

 |  Валентина Неловска  | 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на подрачјето на Охрид и Дебрца нема застој на речните корита и канали од дождот кој врне вчера и денес. Прашавме дали постојат критични точки на некои речни канали и дали се исчистени  сите досега лоцирани  проблематични места. Од ЦУК напоменуваат дека сето тоа е во надележност на Лoкалната самоуправа.  

„Со досега направените проценки овие слаби места и  точки се детектирани и останува Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да ги рсчисти за да има поголем протек и  да има безбедна зимска и рано пролетна сезона“ , вели Митко Темелкоски од ЦУК.

Допрва ќе се чисти и речниот водотек Летничка, Сушица или Грашница, кој во различни зони од градот има и различно име, а станува збор за иста река.  

„Од Езерка до Туристичка се расчистува. За 10 до 15 работни денови ќе има расчистување на одредени делови “, информира Темелкоски.

Очекуваат и потегот на Коселска река кај Лакочереј и Орман да биде расчистен за кратко време .  

Од Локалната самоуправа  денес не успеваме да добиеме информација како течат работите со расчистувањето на критичните речни канали. Иако во  месец август кратко брифираа дека  за одржувањето на речните корита и  канали  почнале да преземаат активности по поплавите во Скопје и расчистувањето треба да заврши до 15 септември. Во соопштението испратено до ТВМ беше наведено :

„ Во насока на навремена подготвеност од можни елементарни непогоди, Општина Охрид пред еден месец (јули) започна акција на чистење на сите речни корита и канали на територијата на општината. Акцијата што е во тек треба да заврши на 15 септември. Во чистењето се вклучени екипи и  механизација на ЈП „ Охридски комуналец“.

За чистење на речните корита и канали согласно  Развојната програмата Општина Охрид  од својот буџет има издвоено 4 милиони денари, а за механизацијата што се користи  на терен обезбедени се  4 тони нафта, поддршка  од Министерството за животна средина на Р. Македонија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top