Автор: Валентина Неловска

Двата градски базени во СРЦ „ Билјанини извори“ се полнат со вода

Post Views: 2 Двата отворени градски базени се полнат со вода. Сезоната за капење е веќе почната, а големиот и малиот базен на СРЦ Билјанини извори е во фаза на подготовка за да биде пуштен во употреба деновиве, информира Миле Чавдаров раководител на градскиот базен. „ Вчера ги набавивме основните средства за хлорирање и филтрирање на водат. Технички исправнсота на водата за капење ќе ја потврди заводот за здрвствена заштита.Од понеделник од земените мостри ќе покажат каква е водата во базенот“, вели Чавдаров. На градскиот базен дневно бараат разладување голем број капачи. Најчесто...

Continue reading

Разни моторни возила возат на рекреативната патека

Post Views: 0 Загрозена безбедноста на пешаците на рекреативната патека. Во вечерните часови , но и среде бел ден се забележуваат моторни возила кои се движат по пешачката зона за рекреација. Од СВР Охрид се согласуваат дека од страна на несовесни возачи се вози на рекреативната патека и најавуваат позачестени контроли и санкции за прекршителите. Од трите приоди кон патеката само на еден има прописно поставен сообраќаен знак , а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс Парк сигнализација нема. Изостана и бетонските жардинери кои беа заштитена бариера од несовесните возачи....

Continue reading

Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј

Post Views: 0 Детското рекреативно забавно катче на кеј Македонија предизвика голема радост кај децата. Монтирањето на реквизитите заврши , но не и поставувањето на гумираниот заштитен под. Гумираниот под ќе биде поставен деновиве, а се очекува паркот да биде пуштен во употерба на 1 јули. Во меѓувреме предупредувањата и траките на реквизитите покриени со најлон беа отстранети од несовесни граѓани за да можат децата да ги користат. За да не дојде до онаа народната од играчка до плачка од локалната упатуваат порака до родителите. Од локалната самоуправа апелираат родителите да бидат...

Continue reading

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија

Post Views: 9 Само два цвета од Жолтиот локвањ процветаа на мала крајбрежна површина на Мазија. Опстанокот на жолтиот локвањ на овој локалитет и понатака е загрозен од растителниот отпад во езерските води. Лимнологот д-р Марина Талевска напоменува дека жолтиот локвањ на Мазија се гуши во растителен отпад, тиња и трска кој се причина за негова стагнација на ширењето. За целосно да не се уништи потребна е чиста средина и поволни услови во кој опстојува. Овој воден цвет кој некогаш го имало во изобилство и ширел пријатен мирис на овој потег , во минатите година заради неповолни антропогени...

Continue reading

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта

Post Views: 0 Започнаа уписите во прва година во четирите охридски средни и стручни училишта за учебната 2017/2018 година. Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година според објавениот конкурс може да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик со минимум 60 поени. Ѕвонко Трпески , директор на гимназијата задоволен од интересот на завршените деветоодделенци да бидат дел од нивното училиште. „ Денешниот интерес покажа дека учениците се запишуваат за продолжување на своето понатамошно образование. Во првиот уписен ден беа пријавени над 170 ученици“, напоменува...

Continue reading

Граѓански активисти спроведоа акција за чистење на брегот во Далјан

Post Views: 10 Охридската населба Далјан е почиста со 50 вреќи собрано ѓубре фрлено од несовесни граѓани. Дваесеттина волонтери, еко активисти од „Чист Охрид“, „Не биди ѓубре“, „Енхелеус“, „Охрид СОС“ спроведоа акција на потегот од кампот „Партизан“ до Извидничкиот центар, за чистење на ѓубре и цврст отпад од брегот и јавните површини. Собрани се големи количини отпад депонирани на несоодветно место од несовесни граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро, напоменува Бобан Трпески од „Чист Охрид“. Беа собрани над 50 вреќи, најмногу од облека и обувки оставени од диви кампери кои...

Continue reading

На Кеј Македонија се монтира забавен детски парк

Post Views: 1 Забрзано се прават завршните работи на склопување на реквизитите кои ќе го сочинуваат детското рекреативно забавно паркче. Детскиот парк ќе функционира во паркот покрај кејот Македонија, инфoрмираат од Фондот за комунален развој. „ Во моментов се опремува ова детско повеќе наменско игралиште. Станува збор за играчки и реквизити кои се донација од Репубилика Турција донирани на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе бидат безплатни, а се уникатни за регионов и за прв пат се поставуваат во Охрид “, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.  Опремата...

Continue reading

mosti

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 0  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Continue reading

Француски филмови во Охрид ќе се прикажуваат во септември

Post Views: 14 Фестивалот на француски филм во Македонија одбележува една деценија постоење. Половина од овој временски период фестивалот има нова концепција. Од Фестивал на францускиот филм во Охрид се преименува во Француски филм во Македонија. Десеттото издание годинава има нов пристап во презентирање на француската кинематографија во земјава, вели охридскиот филмски критичар Ѓоко Симајноски. Додава дека на 24 јуни во Скопје започна фестивалот, а ќе продолжи во десеттина градови низ земјава со прикажување на по три филмови. Проекциите веќе се одржаа во Велес и Прилеп. Организаторот,...

Continue reading

Одбележан 24 јуни Денот на Балканските египќани.

Post Views: 1 Одбележан 24 јуни денот на Балканските Египќани. На прославата присуствуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа министерот кажа дека определба на новата Влада е да гради едно општество за сите, еднаквост во правата и можностите на сите заедници. „Во областа на културата ќе дејствуваме во правец на децентрализација на културно развивање на можностите да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење. Создаваме нови можности за вистинско и успешно унапредување на културата на сите заедници. Со особена грижа на оние заедници кои подолго...

Continue reading

Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид

Post Views: 0 Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.   „ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим...

Continue reading

сл

Соопштена Програмата на годинешните СВП

Post Views: 1 На годинешното издание на СВП ќе бидат присутни 30 учесници од 5 континенти, а меѓу нив и голем број поетски звезди од сите меридијани. Кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки, ова се дел од триесетината поетски имиња кои ќе учествуваат на 56 издание на „Струшките вечери на поезијата“ , истакна Славе Ѓорго Димоски, Претседателот на УО на СВП. Ѓорго Димоски ја соопшти програмата на годинешното издание на поетската манифестација , а најави и нови содржини. „ Тие пред се се однесуваат на сценски прикази и перформанси...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top