• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј

Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј

Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј.

 |  Валентина Неловска  | 

Детското рекреативно забавно катче на кеј Македонија предизвика голема радост кај децата. Монтирањето на реквизитите заврши , но не и поставувањето на гумираниот заштитен под. Гумираниот под ќе биде поставен деновиве, а се очекува паркот да биде пуштен во употерба на 1 јули.

Во меѓувреме предупредувањата и траките на реквизитите покриени со најлон беа отстранети од несовесни граѓани за да можат децата да ги користат. За да не дојде до онаа народната од играчка до плачка од локалната упатуваат порака до родителите.

Од локалната самоуправа апелираат родителите да бидат внимaтелни и да не им дозволуваат на децата да  ги користа реквизитите во детскотo катче. Паркот не пуштeн   во употреба и не безбeден за користење.

Детското повеќенаменско игралиште со различни играчки и реквизити е донација од Репубилика Турција, донирано на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе се користат бесплатно и се уникатни.

 

 

Опремата за уредување на детското катче содржи 5 поголеми и 15 помали пропратни делови. Тие се наменти за забава на најмладите охриѓанчиња и останатите деца . Детското игралиште ќе функционира преку целата година, а ќе го одржува локалната самоуправа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top