Двата градски базени во СРЦ „ Билјанини извори“ се полнат со вода

Двата градски базени во СРЦ „ Билјанини извори“ се полнат со вода.

 |  Валентина Неловска  | 

Двата отворени градски базени се полнат со вода. Сезоната за капење е веќе почната, а големиот и малиот базен на СРЦ Билјанини извори е во фаза на подготовка за да биде пуштен во употреба деновиве, информира Миле Чавдаров раководител на градскиот базен.

„ Вчера ги набавивме основните средства за хлорирање и филтрирање на водат. Технички исправнсота на водата за капење ќе ја потврди заводот за здрвствена заштита.Од понеделник од земените мостри ќе покажат каква е водата во базенот“, вели Чавдаров.

На градскиот базен дневно бараат разладување голем број капачи. Најчесто на базен се родителите со најмалите дечиња кои доѓаат по завршување на работното време, бабите и дедовците со внуци, но има и странци, подвелекува Чавдаров.

„Со години нанзад во просек има од 150 д0 200 капи дневно. Во оваа бројка не се вклучени бројто на посетители кои се дел од школите за пливање, Охридски бранови и Делфини 2012“, вели Чавдаров.

Цената за влез и користење на базените ќе биде иста како и минатата сезона и ќе изнесува 60 ден.од 12 до 20 часот. Двата базени се обезбедувани од спасители на вода кои се грижат за капачите да бидат безбедни додека се разладуваат.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top