Автор: Јаковлева Лионела

avtobusi

Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз

Post Views: 0 Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална  треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа...

Continue reading

grob grigor prlicev

Гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре

Post Views: 0   Mестото каде се наоѓа вечното почивалиште на ловороносецот Григор Прличев, заборавено од надлежните. Паркот зад црквата Св. Богородица Перивлепта каде се наоѓа гробот на вториот Хомер покрај тоа што речиси ретко кој ојхриѓанец го знае, обраснат е со трева и прекриен со ѓубре. Од Завод и музеј велат дека иако одржувањето на ова место не е во нивна надлежност минатите години од нивна страна е извршена одредена реставрација и обновување на надгробната плоча и натписот кој стои на неа. Во секој случај ова место заслужува поголемо внимание од нас самите поради нас самите....

Continue reading

igri

Светскиот ден на глувите лица традиционално одбележан со спортски игри

Post Views: 5 28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година игрите...

Continue reading

srce

Со здрави навики до здраво срце

Post Views: 2   Охриѓани се повеќе ги менуваат своите животни навики. Тие од ден на ден изнаоѓаат нови начини како да се справат со динамичниот начин на живот и стресот кои придонесуваат за голем број заболувања. Кардиоваскуларните сеуште се број еден  во светот по процентот на смртност, вели кардиологот Марија Зимбова. Свеста кај охриѓани се повеќе расте. Ме радува што нашите заложби превентивно да делуваме веќе ги даваат првите резултатаи. Тие се повеќе се откажуваат од лошите навики како пушењето, нездравиот начин на исхрана и слабата физичка активност, рече кардиологот Д-р Марија...

Continue reading

pazar

Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар

Post Views: 5 Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.  Современиот пазар за кој  граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа  пазарот ќе се...

Continue reading

vakcini

Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Post Views: 2 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...

Continue reading

avtopat

Автопатското поврзувања Охрид, Струга, Кичево се поизвесно

Post Views: 0 Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец. Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги обелодени...

Continue reading

muzicko

Во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Post Views: 21 Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек. Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во Охрид....

Continue reading

izlozba

Соединување на каменот со дрвото

Post Views: 2 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска. Таа...

Continue reading

malari;na

Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид

Post Views: 1 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е  во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом. Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...

Continue reading

bolnica

Нова ера во развојот на охридската хирургијата

Post Views: 12   Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите. Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница...

Continue reading

opstina

Европа ќе го отвори кесето

Post Views: 2   Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше  Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција. Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР. Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top